• Latest

Мисини: Ја загубивме дефиницијата на границата на прифатливото

February 17, 2016
Фото: Rosneft.de

САД привремено ги ослободија од санкции подружниците на Роснефт во Германија

October 29, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Кампањата финализира со нови ветувања, поддршка за кандидати, додека победниците ги верифицираат мандатите

October 29, 2025
Фредерик Лејдквист, директор на Стокхолмскиот центар за источноевропски студии (SCEEUS) во Шведскиот институт за меѓународни односи. Фото: Stockholm Institute of Transition Economics (SITE)

Фредерик Лејдквист од Шведскиот институт за меѓународни односи: Студената војна сега би била најдоброто сценарио

October 29, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ: Руските хибридни операции во Северна Македонија

October 29, 2025
Војници на САД во базата на НАТО во Тапа-Естонија. Фото: Д. Мишев/Цивил

Романско МНР: САД планираат да намалат дел од трупите на источното крило на НАТО

October 29, 2025
Фото: МИА

ЕУ без консензус за Белорусија поради Унгарија

October 29, 2025
Руски извидувачки авион Ил-20 забележан од полските воздухопловни сили над Балтичкото Море на 28 октомври 2025 година. Фото: Оперативна команда на полските вооружени сили/X

Полски борбени авиони пресретнаа руски извидувачки авион над Балтичкото Море

October 29, 2025
фото: ВИ

Буџетот за 2026 под лупа: Фискална рамнотежа или нова зависност од кредити?

October 29, 2025

Директорот на Комунална хигиена поднесе оставка поради морални причини

October 29, 2025
Donald Trump, Xi Jinping
Source- Firstpost video screenshot

Разговорите на Трамп и Си би можеле да стават крај на месеците на глобален економски хаос

October 29, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Мисини: Ја загубивме дефиницијата на границата на прифатливото

February 17, 2016 15:58
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

На вчерашниот јавен настан „Граѓанска дебата за слободно општество и социјална правда“ еден од говорниците на првиот панел беше и аналитичарот Суад Мисини чии делови од излагањето пренесуваме: 

„Јас сум инаку среќен што терминот ‘заробена држава’ е веќе етаблиран во Република Македонија и значењето на тој збор веќе го разбираат сите. Ние зборувавме за мафиократската држава, за тоталитарен режим, во теоријата сме сместени во хибриден режим, и сите тие називи се точни. Но, заробена држава е термин што практично најдобро ја опишува нашата ситуација, нели, како и во љубовта, за заробена држава треба двајца. Имате власт која е аутистична во својата мафиократска примена на владеењето, и имате граѓани кои што се аутистични во однос на спознанијата за сопствената сувереност.

[youtube width=”600″ height=”400″]https://www.youtube.com/watch?v=Ma_ScOyM0_I[/youtube]

Во 1991 година бев во Париз, имаше општ штрајк, значи, генерален штрајк, таму се синдикатите многу солидарни и кога еден ќе тргне – излегуваат сите, неколку дена целиот град беше блокиран и ништо не функционираше. И, кога велам ништо, тоа значи ништо. Штетата од тој штрајк изнесуваше од прилика 4 милијарди евра, според проценките на француската држава. а причината за штрајкот беше зголемување на цената на лебот – по 13 години, лебот се покачил за 0,3 отсто. И сега, во разговор со уредник на еден дневен весник, јас го прашувам: ,Која ви е поентата да направите 4 мијларди штета за 0,3 отсто покачување на лебот?’ Јас тогаш доаѓав од простор каде што имаше повеќе стоттици проценти инфлација и тоа беше за мене неразбирливо. Вака ми одговори новинарот „Мора така да направиме затоа што ако им дозволиме ова да помине, после нема граница“.

Така што еден од клучните зборови на моево излагање е дека ние, значи, граѓаните во Република Македонија, во оваа заробена држава, ја загубивме дефиницијата на границата на прифатливото. Значи, за нас нема граница, значи, тие може да убиваат луѓе, тоа не е некој посебен проблем… Значи, можат државата да ја однесат во банкрот – тоа не е проблем, значи, кај нас е тотално дестабилизирана таа граница на прифатливост, која ние – ако сакаме да се помрднеме еден чекор понапред, мораме да ја реетаблираме на едно минимум прифатливо ниво.

И сега, како пандан на оваа анегдота од Париз, мислам дека ние пропуштивме многу шанси како граѓани да одговориме на, не слични, туку далеку потрагични настани кои што се случуваа кај нас. И, сите вие знаете милион примери, јас само ќе издвојам еден, условно кажано, страничен: тоа е начинот на кој што граѓаните се откажуваа од парно греење, а беа натерани да плаќаат месечен надоместок. Ова е условно страничен пример, не е доволно радикален можеби за некого, меѓутоа, начинот на кој што тоа е сведено на еден класичен, државно-приватен грабеж е флагрантен. И ние, како граѓани, не смеевме да дозволиме тоа да се случи, велам, има порадикални примери, вие знаете подобро од мене. На институционално ниво исто така, беа пропуштени многу шанси да се превенира овој стадиум на заробена држава кој што е терминален во Република Македонија.

Еве, два примера ќе издвојам, значи, првиот пат кога во Собранието не дојде шефот на тајната полиција за да реферира за годишен извештај, одговорот на Собранието, односно, на пратениците или на дел на пратениците, или на целото општество, требаше да биде јасен од старт: значи тоа требаше не само да се осуди, туку таа комуникација со институциите требаше тука да запре.

Вториот пример е кога група пратеници поднесоа барање за автентично толкување на еден член од Изборниот законик што се однесуваше на финансирањето на изборната кампања. Тоа барање никогаш не беше ставено на дневен ред. Имаше укажување од Владата на кој начин Собранието треба да постапи за да не се случи ставање на дневен ред на точката за автентично толкување на тој член од Изборниот законик. Некои тука знаат за што зборувам. Ги издвојувам повторно условно, како странични примери, меѓутоа тука, покрај реетаблирањето на границата на прифатливото, вториот клучен збор е дека кога имате гангренозна држава и сите институции внатре, вие ги – прекинувате сите релации, сите односи со таа држава.“

Print Friendly, PDF & Email
Tags: властграѓанско општестводебатаизбориМакедонијаСуад МисиниЦивил
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    134 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ