По тричасовната средба зад затворени врати со премиерот и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, изјава за медиумите даде Христијан Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ. Тој, меѓу другото, кажа дека барале дуел и предвремени избори, но не ги добиле.
На средбата, според изјавата на Мицкоски, се зборувало за барањето на неговата партија за обезбедување кредибилен изборен процес.
Тој го сподели и чувството на политички прогон. Го избегна одговорот на новинарско прашање кое се однесуваше на ставот на неговата партија за новиот закон за јавното обвинителство.
Средбата ја оцени како „корисна за релаксирање на односите“. Тој ја извести јавноста дека со Заев се договориле да формираат работни групи за отворените прашања, особено за СЈО. Тој негативно го оцени почетокот на изборниот процес.
А. З.