коментира: Дехран Муратов
Во недостаток од вистински проекти и програма со која ќе им се овозможи подобар живот на граѓан(к)ите, лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски најавува поништување на Преспанскиот договор. И малите деца знаат дека веќе тој договор не може да се поништи, но сепак верните „патриоти“ слепо (ќе) веруваат дека таква опција сепак постои. Но, да бидеме реални, и тие се гласачи, не се мали деца, нели?
Мицкоски избегнува лидерска средба, наоѓајќи невешти изговори. Свесен е дека, ако се оствари средбата, нема да може да манипулира со граѓан(к)ите, а притоа и ќе мора да прифати да се донесе законот за Јавно обвинителство.
Враќање наназад, наместо да се движи земјата напред кон ЕУ интерграција, воопшто не им прилега со логото на кампањата „обнова на Македонија“. Повеќе би им одговарало „враќање“ – отколку „обнова“! Или така нешто…