РИБАРО
Генијално ми е прашањево за евентуален референдум, ако се гледа од мој аспект, вели лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во разговор со екипата на АХА.
Тој додава дека намерно прашањето е толку долго и комплицирано за да се збунат граѓаните и да се одвратат да го стават потписот за евентуален референдум за да се блокира патот на Македонија кон ЕУ.
Ма, ме заболе мене за Македонија и членството во ЕУ! Не ми замерувајте на вокабуларот, ова ми е можност да спасам жива глава од партиското членство и евентуално, со господ напред, да останам на чело на партијата. Со вака глупо формулирано прашање не гледам начин да се соберат потписи. Тогаш, нели, као јас сум направил сè, ама ете народот си сака во ЕУ, мудро констатира Мицкоски.
Ако пак се деси чудо и се соберат потписите, што мислите, на каков факинг начин ќе се најдат +900 илјади гласачи што ќе го поддржат блокирањто на патот на Македонија кон ЕУ. И пак, нели, тогаш ќе мантрам – народот си гласаше, ни украдоа потписи… Но, ако и тоа помине и за тоа најдов чаре, вели Мицкоски.
Мицкоски на екипата на АХА ѝ откри дека има скриен адут, како што вели, ако сè замине низбрдо и сепак се дојде да има Референдум.
Ако сè замине низбрдо и сепак има Референдум, во преговори сме и со една помала кинеска провинција, да помогнат со „људство“. И нив како и мене ги заболе за Македонија, па лесно ќе биде. Ќе имаме проблем со транспортот на толку народ. Но, во соработка со Али Експрес, мислам дека има начин да го решиме и тоа прашање, вели Мицкоски.
Кој е тој начин, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ не сакаше да открие.
Извор: Frontline.mk