• Latest
Добро утро со Орданоски

Мизерната кауза на насилството

September 25, 2018

Сиљановска-Давкова и Јотова: Софија бара исполнување на обврските, Скопје предупредува на нови услови

June 11, 2026
Фото: Скриншот, Јутјуб UNHCR

УНХЦР: Глобалното присилно раселување бележи прв пад по десет години, но бројките остануваат загрижувачки

June 11, 2026

Европа не нѐ сака, а ние ја сакаме ли?

June 11, 2026

Бранителите на човековите права од Западен Балкан се среќаваат во Приштина во услови на тешки закани и притисоци

June 11, 2026
Претседателот Зеленски на НБ8, 9 јуни 2026

Зеленски на Самитот Украина-НБ8: Европа е најсилна кога дејствува обединето, санкциите против Русија мора дополнително да се зајакнат

June 10, 2026
Дуо „Алембик“ (фото извор: ФБ страница на „Алембик“

МУЗИКА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО: Дуото „Алембик“ со голем концерт и нов албум во МКЦ

June 10, 2026

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Мизерната кауза на насилството

September 25, 2018 08:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]Н[/dropcap]е сум гледал поглупаво интервју во мојата професионална кариера од ова на Христијан Мицкоски на Телма, на пет-шест дена пред закажаниот референдум. Математички прецизно кажано, во сите седумдесет и шест минути и четириесет и две секунди (нето, без реклами!), и покрај херојските напори на колешката Снежана Лупевска Созен, разговорот не мрдна подалеку од третата минута на оваа телевизиска инквизиција: Мицкоски, всушност, не само што нема сопствен став за клучните прашања на македонската денешнина, туку мисли дека баш така и треба. Каква огромна, конфузна, празнина на смисла, искажана во вистинска поплава од зборови!

Целата ситуација со недели е ужасно непријатна. Притиснато помеѓу јасните укажувања на меѓународната заедница и налетот на Заев кој им го збриша сонот за стогодишна власт, од една страна; и атавистичките, параноидни и политички радикални структури во партијата, од друга, раководството на ВМРО-ДПМНЕ нема, а и не смее, и кога би го имало, да излезе со став по прашањето за макединската евро-атлантска интеграција. Бидејќи се покажа дека оние кои имаат став поинаков од повикот за бојкот на референдумот, добиваат смртни закани. Оваа вест е на големо, одглумено, изненадување на Мицкоски, кој и самиот, веројатно, е под таква закана.

Заканите, инаку, се составен, а можеби и клучен дел од стогодишната вмровска идеологија. Можеме ние комотно да почнеме со беспилотни летала да го населуваме и Марс за некоја година, но патетичната симболика на ножот и камата остануваат во суштината на привлечно-принудната моќ на оваа предполитичка организација. За да поверувате во тоа не мора да одите сто години назад во историјата, кога вмровците биле класично терористичко здружение со крвава трага од стотици убиени зад себе, некои на начин на кој и „колегите“ од ИСИС би „позавиделе“; денеска е доволно да вклучите која било телевизија што известува од судењата по предметите кои ги гони СЈО за да видите дека, онаму каде што не се конспирира за некој вид на пљачка, тогаш се разговара за како некој да се притисне, да се заплаши, да се уцени да соработува или да молчи за пљачката што е во тек.

И, да нема забуни, не го говорат тоа по стотиците доказни снимки што се преслушуваат во судот некакви забегани маргиналци од радикалните „џепови“ на ДПМНЕ, ниту, пак, некакви партиски сениори кои живеат во „романтичното“ партиско минато. Не, не, плановите и спроведувањето на насилствата се, практично, секојдневие на највисоките нивоа на оваа партија – министри, владини и партиски генерални секретари и други највисоки службеници по државните кабинети – и тоа главно луѓе во своите најдобри триесетти години животен век, со најновите мобилни телефони по џебовите. Сите тие живеат во светот на насилството како нормален дел од нивната мизерна кауза. Класична мафија.

Но, она што никогаш, и покрај целиот применет терор, во суштина, не им поминало – а и на овој референдум таа политика ќе си доживее јасен пораз – е содржината на една парола која и Мицкоски некни војнички празноглаво ја издекларира во студиото на Телма: „Народот е организацијата; организацијата е народот!“

За среќа, народот е, сепак, попаметен од нивната организација. Тоа е формулата на опстанокот на Македонија, наспроти најдобрите напори на организацијата на чие чело, без поголемо влијание, сега се наоѓа Христијан Мицкоски.

 

 


Повредата на авторските права е забранета со закон!

Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените НЕ Е ДОЗВОЛЕНО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ.

 

Share933TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ