• Latest
Фото: MARIUPOL, PHOTO OF LOCAL RESIDENTS PROVIDED BY UP/

МНР на Украина: Спротивно на постигнатите договори, Русија повторно го прекина отворањето на хуманитарни коридори за евакуација

March 7, 2022
REAKCII VODA

РЕАКЦИИ: Недостиг на вода и во град и во село – сите ја делат истата мака

July 9, 2025

24 ЧАСА: Извештајот на ЕП усвоен без македонски идентитет и јазик, Мицкоски вели – остануваме горди; Еден повреден, нападнати новинари, приведен газдата на опожарениот отпад во Визбегово, Русија со масовен напад врз Украина по критиките на Трамп кон Путин

July 9, 2025

Во Крива Паланка три пожари, поради ветерот постои опасност да се приближат кон домовите на жителите на населбата Лозаново

July 9, 2025
Фотографија: Wikipedia

Литванија и Финска тргнуваат во масовно производство на мини

July 9, 2025
фото: Влада

Започна изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција во вредност од околу 60 милиони евра, Мицкоски вели – стануваме значајна енергетска крстосница

July 9, 2025
фото: МВР

Целосно прекинат сообраќајот кон Граничниот премин Блаце поради пожар

July 9, 2025
Фото: ЗНМ

Физички нападната новинарска екипа на АЛСАТ М во Визбегово, ЗНМ со остра осуда

July 9, 2025
Фотографија: Скришот од Би-би-си

Цената на ретките земни метали што светот ги купува од Кина: Загадена вода, контаминирана почва и загрозени животи

July 9, 2025

Без македонски идентитет и јазик, ЕП го усвои Извештајот на Вајц за Северна Македонија

July 9, 2025

Вајц: Северна Македонија лидер во регионот, за жал, бугарски европратеници го искористија Извештајот за внатрешни потреби

July 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

МНР на Украина: Спротивно на постигнатите договори, Русија повторно го прекина отворањето на хуманитарни коридори за евакуација

March 7, 2022 15:13
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Фото: MARIUPOL, PHOTO OF LOCAL RESIDENTS PROVIDED BY UP/

Фото: MARIUPOL, PHOTO OF LOCAL RESIDENTS PROVIDED BY UP/

Share on FacebookShare on Twitter
Спротивно на постигнатите договори, на 7 март, Руската Федерација повторно го прекина отворањето на хуманитарни коридори за евакуација на цивили од околните градови во Кијивската, Харкивската, Доњецката и Херсонската област, информира денеска украинското МНР.

МНР на Украина информира дека руските вооружени сили продолжуваат да нанесуваат ракетни и бомбашки напади врз Кијив, Мариупол, Волноваха, Суми, Миколајив, Харкив и други населени места, што го оневозможува безбедното заминување на хуманитарните конвои со украински и странски државјани, како и испорака на лекови и храна.
Русија мора да престане да ги прекршува договорите, да престане да шири дезинформации и да манипулира со животите на цивилите. Евакуација преку хуманитарни коридори е можна само со целосно почитување на прекинот на огнот, на што е подготвена украинската страна.
„Ние, исто така, ги сметаме за неприфатливи обидите на Москва да ги принуди цивилите од опколените градови да заминат во Русија и Белорусија, со оглед на големата веројатност за провокации, вклучително и земање на евакуирани луѓе како заложници или нивно користење од страна на руската армија како жив штит,“ стои во соопштениеот на украинското МНР.
Украина ги повикува државите, вклучително и лидерите кои се во контакт со претседателот Путин, да вложат максимални напори за да ја принудат Русија да обезбеди прекин на огнот за отворање на хуманитарни коридори и спречување на хуманитарна катастрофа од големи размери, повикуваат од Министерството.
Министерството за надворешни работи на Украина продолжува да биде во постојан контакт со амбасадите на странските земји чии државјани се наоѓаат во областа на воени дејствија и им дава максимална помош за евакуација на нивните граѓани од украинска територија.

ЦИВИЛ е првата организација во Северна Македонија и меѓу првите во светот што ја осуди руската воена агресија врз Украина. На 25 мај, меѓу другото, ЦИВИЛ објави:

„Војната што ја поведе Путин е војна и против човековите права и слободи на руските граѓанки и граѓани! Слободата и мирот во Украина значат слобода и мир за целиот свет! НЕ на Путин, НЕ на војната и ДА за слободата, демократијата и мирот! Барањата за мир се висок патриотски чин! Да се сопре воинствениот деспот во Кремлин!“#ПоддршкаЗаУкраина

ЦИВИЛ на својата медиумска платформа редовно објавува релевантни, точни и навремени вести, анализи и колумни од самиот почеток, кога Путин нареди натрупување на воените сили на украинските граници.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ЗНМ

    Физички нападната новинарска екипа на АЛСАТ М во Визбегово, ЗНМ со остра осуда

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Канта за смет

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • (ВИДЕО) Диме Велев за ЦИВИЛ: Нема да дозволиме петмина во Комисијата за дијабетис да изиграваат Господ и да одлучуваат каква терапија треба да примаат 40.000 пациенти

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Потресни сведоштва од Сребреница: Објавени снимки од првите сведоци на геноцидот

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Без македонски идентитет и јазик, ЕП го усвои Извештајот на Вајц за Северна Македонија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ