Големиот мултимедијален настан на Караванот на слободата, кој во сабота на 1-ви октомври ќе се одржи во Скопје, во четвртокот беше промовиран со автомобилска тура низ градот и со посета на тимовите на ЦИВИЛ на повеќе скопски општини…
Дел од тимот на Караванот на слободата, дистрибуираше информативни материјали низ средните училишта и во студентските домови во градот.
На овој начин, помладите заинтересирани скопјан(к)и имаа можност да ги добијат сите информации за мултимедијалниот спектакл закажан за сабота.
Активистите на ЦИВИЛ со повеќечасовен перформанс беа присутни во општина Аеродром и општина Карпош, каде низ емитување музика, низ разговор со граѓаните и со делење на флаери беа поканети сите кои сакаат да уживаат во настапите на популарните македонски пеачи и групи, во музика, поезија и ликовна уметност, да дојдат на скверот Јадран на 1-ви октомври, попладнето и вечерта, до доцна во ноќта .