• Latest

Mониторинг на ЦИВИЛ: Изборниот процес проследен со лажни вести, дезинформации и говор на омраза

July 20, 2020

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025

Брвеница, Шуто Оризари и Карпош со приговори до ДИК за изборните резултати

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

(ВИДЕО) Мамдани: Њујорк ќе остане град на имигранти, град изграден од имигранти, управуван од имигранти и од вечерва, предводен од имигрант

November 5, 2025
Скриншот од видео на newsflare

Единаесет лица загинаа, околу 30 се повредени во пожар во дом за стари лица во Тузла

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ГОВОР НА ОМРАЗА

Mониторинг на ЦИВИЛ: Изборниот процес проследен со лажни вести, дезинформации и говор на омраза

July 20, 2020 12:00
in ГОВОР НА ОМРАЗА, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ на 20 јуни  го почна мониторингот на предизборните активности на политичките партии учеснички во изборниот процес, говорот на омраза на социјалните мрежи, лажните вести и дезинформациите.

Мониторинг тимот на ЦИВИЛ  од почетокот на предизборната кампања на социјалните мрежи детектира и архивира над стотина содржини со говор на омраза и мноштво содржини со лажни вести и дезинформации.

Од почетокот на изборниот молк, на 13 јули на полноќ, забележани се комбинирани содржини коишто содржат дезинформации и непочитување на изборниот молк од политичари и политички партии.

Говорот на омраза на социјалните мрежи за време на изборниот молк не само што не стивна, туку се интензивираше, и тоа од редовните страници коишто од почетокот на предизборната кампања работат засилено на продуцирање објави, а со тоа и поттикнување на говор на омразата.

ЦИВИЛ објави неколку содржини од мноштвото архивирани од Мониторинг тимот, а со тоа предизвика и затворање на страницата „Налет на се сторите“, којашто се врати со уште позасилен говор на омраза, допирајќи ја и организацијата и нејзините членови, со експлицитни изјави и дискриминирачки етикетирања по неколку основи.

На вториот ден од изборниот молк, веќе познат профил на социјалната мрежа Твитер, којшто се интензивно се занимава со етничкото потекло на членовите на организацијата, објави твит со клевета и навреда кон  членови на ЦИВИЛ, со најава дека и понатаму ќе продолжи.

Говорот на омразата не изостана ниту во објавите на разрешениот, и сега веќе притворениот судија Владимир Панчевски, во коишто имаше организирана хајка против ЦИВИЛ и членовите на организацијата.

Во предизборниот период, седиштето на ЦИВИЛ повторно беше  на вандализам со заканувачки и навредливи пораки. Панелот во дворчето зад седиштето на организацијата што се користи за состаноци и изјави за јавноста е турнат, а врз него е ставена лопата. Натписот со логото на организацијата и натписот „Слободна зона“ веднаш под него се скинати, а пред вратата беа истурени отпадоци. На вратата, со остар предмет е изгравиран зборот „Nazi“ (нацист).

Мета на говор на омраза во предизборието беа и активисти за човекови права и политичари.

Мониторингот на ЦИВИЛ издвојува 9 најчести Фејсбук страници кои шират говор на омраза и дезинформации, како и неколку од  здруженијата  кои земале учество во овие објави со споделувања, лајкови или коментари.

ЦИВИЛ одржа прес конференција  на 11 јули , на која го претстави предизборниот извештај од мониторингот, со исцрпни детали од работата на Мониторинг тимот на организацијата и со опфаќање на набљудувањето на неколку аспекти на предизборниот период, како што се говорот на омразата, лажните вести и дезинформациите, финансирањето на политичките партии во предизборна кампања, со наоди и анализи за истите.

Говорот на омраза продолжи и на денот на изборите и потоа.

Димитар Апасиев од Левица, откако беше извесно дека тој како носител на листата во Изборната единица 1, влегува во новиот парламентарен состав, на својот профил на Фејсбук имаше објава со експлицитен говор на омраза, по што Скопското јавно обвинителство отвори предмет .

Одбраните содржини со говор на омразата се објавуваат редовно на медиумската платформа на ЦИВИЛ, на македонски и албански јазик.

Лажни вести и дезинформации

Што се однесува до лажните вести и дезинформациите во текот на изборниот молк, за време на изборите и потоа, мониторингот на ЦИВИЛ продолжува да работи во тој дел.  Од мноштвото содржини што ги детектира  Мониторинг  тимот на ЦИВИЛ, објавени се неколку на медиумската платформа,

Партии и активисти објавуваа резултати од гласањето на граѓаните во изолација  заболени од КОВИД -19, и од гласањето на болните, немоќните, хронично болните, затворениците, во домовите за стари лица и во домашен притвор, со прикажување на гласови и за свои, и за други партии.

Со овие активности  се прекршува изборниот молк, и се дезинформира јавноста.

Во Изборниот законик, во делот за Објавување на резултатите од изборите , во членот 135, став 1 и 2, е објаснето за објавувањето на изборните резултати, како и дека резултатите, во дадено време и на законски одреден начин, ги објавува Државната изборна комисија.

Останува прашањето како стигнале до конечните резултати според кои се одредува колку граѓани во изолација, гласале за одредени политички субјект,  ако истовремено се земе предвид дека гласањето е тајно. Со тоа се нарушува и тајноста на гласање.

Разрешениот судија Владимир Панчевски во предизборниот  период споделуваше содржини со говор на омраза и пласира лажни вести на социјалните мрежи Твитер и Фејсбук во корист на ВМР-ДПМНЕ. Панчевски  во декември 2019 година беше разрешен од својата функција претседател на Основниот суд Скопје 1 поради манипулации со распределбата на предмети во судот.

Мониторинг тимот на ЦИВИЛ забележа дека на неговиот Твитер профил, освен дезинформации и говор на омраза коишто тој ги пласира, често споделува и објави од профили – партиски ботови на опозициската ВМРО ДПМНЕ.

Неколку интернет портали објавија лажна вест е дека во Велес се давани пари како поткуп во вид на социјална помош на граѓаните од по 2.000 денари, за што Секторот за внатрешни работи Велес ја демантира објавената информација.

Интернет порталот „Порталб“ објави анализа на прелиминарни резултати од  евентуалниот исход  од гласањето, и тоа за дел од политичките партии што се натпреваруваат за пратенички места на предвремените парламентарни избори што ќе се одржат на 15 јули. Анализата е подготвена од  политичкиот аналитичар Роберт Несими.

Порталите, блиски до одредена политичка партија, ја објавиле анализата, но, прикажале резултати  на бројката на добиени мандати, во корист на  партијата што ги контролира, односно, различни  од тие што се прикажани во анализата.

Повеќе медиуми објавија вест дека политичар, кој беше дел кандидатските листи, е позитивен на КОВИД-19 и дека истата информација е потврдена од партијата која го поддржува.

Политичарот ја демантираше лажната вест, дека е позитивен на КОВИД-19, на својот Фејсбук профил.

Се пласираше и лажна вест  дека на градоначалникот на Василево му е определена мерка притвор, но по извршени проверки утврдивме дека тоа апсолутно не е точно. Во самите текстови е наведено и дека е определена мерка притвор за наведените од страна на јавен обвинител иако општо познато е дека од страна на Јавен обвинител и не може да биде определена мерка притвор.

Порталот Алмакос објави дека ДУИ го моли СДСМ да ја формираат новата Влада заедно. Во текстот објавен од Алмакос, се наведуваат детали од наводните комуникации со извори од двете партии, од кои наводни комуникации се извлекува заклучок дека политичката партија ДУИ се откажува од првичното барање за премиер Албанец, во замена за три други врвни  позиции.

Извори на ЦИВИЛ брифираат дека во моментов нема комуникација меѓу двете партии, така што оваа вест ја класифицираме во дезинформации.

Покрај наведените содржини во овој извештај, на медиумската платформа на ЦИВИЛ  се објавени уште многу други случаи со говор на омраза, лажни вести и дезинформации.

Наодите од Мониторинг тимот на ЦИВИЛ за лажни вести и дезинформации, говор на омразата и непочитување на предизборниот молк, се архивирани со сите потребни информации, видео записи, фотографии и други детали,  за коишто ЦИВИЛ подготвува  детален извештај.

Мониторинг тим на ЦИВИЛ

 

Share38Tweet24Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    188 shares
    Share 75 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ