• Latest
Добро утро со Орданоски

Може ли Господ да ѝ помогне на Попова Шапка?

January 9, 2018
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026

„Женското е туѓа фамилија“

June 18, 2026
Фрагмент од профилната слика на Трамп на Truth Social

Newsweek: Расте бројот на Американци кои го гледаат Трамп како „опасен диктатор“

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Може ли Господ да ѝ помогне на Попова Шапка?

January 9, 2018 08:10
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]М[/dropcap]инатиов викенд, за божиќниве празници, бев на Попова Шапка. Многу ги сакам верскиве празници, оти мене ми доаѓаат како чист бонус: како стареам, од атеизмот („Господ не постои!“ – на што нѐ учеа комунистите во социјализмот), преоѓам накај агностицизам (не можам рационално да го оправдам ни постоењето, ни непостоењето на боговите, иако некако ми личи дека зад целиов проект мора да стои некаков голем и недоквакан Архитект?!), па кога на бајките за Дедо Мраз ќе се надоврзат прикаските за Христовото раѓање, нормално е дека ви се неопходни десет неработни денови за да можете целата работа на тенане да си ја објасните. И да ја сварите. Оти, што е право, многу скромно се беше изело и испило.

А нема поубаво место од Попова Шапка за, во белината на моќната планина, вдахновено да размислувате за божествени работи. Има за тоа и адекватни верски објекти. Имено, таму, на Шапка, на едниот рид пред неколку години се изгради поприличен православен манастир со црква – ако не се лажам, без неопходните градежни дозволи и останати документации. Сега, на спротивниот рид, од пред неколку месеци, се гради поприлична џамија – ако не се лажам, и таа без градежна дозвола и останата неопходна документација. Мислам дека минарето на џамијата, одокативно мерено, кога ќе се вивне кон Господ, би требало да биде повисоко од крстот на црквата, иако со камбанаријата можно е да водат „мртва висинска трка“…

Во составот на манастирот има добро разработено бифе и соби за преноќување за зимскиве викенд верници-намерници; а и џамијава, како што гледам, ќе има барем два ката со нешто што наликува на апартмани, веројатно за одмор и поткрепа за муслиманскиве скијачки верници.

Убаво. Треба верата да се негува и на високо, поблизу до Бога, каде воздухот е поредок и почист. Оти ако те фати бунило од многу оксиген, молитвата секогаш помага.

На цела Попова Шапка нема ниту една јавна канта за отпадоци. Таму минатиов продолжен викенд се провртеа над десет илјади туристи. За среќа, нема ниту една единствена клупа за седење или некаква друга урбана туристичка опрема, па сметот се расфрла насекаде, не е на купчиња и речиси и да не можете да го забележите до идната пролет, кога ќе се стопи снегот.

До Шапка, се разбира, нема јавен превоз од Тетово – жичницата умре пред повеќе од две-три децении, а воскресенијата се резервирани на други теми – па оние една илјада викенд-автомобили се расфрлани по патот, годинава со километри надолу, дури до Лисец!

Навечер, по благава зима, кога е најпријатно за шетање, поголем дел од јавната расвета работи, наспроти онаа што не работи, па не мора целата батерија од мобилниот да ја потрошите на осветлување на патот по кој се движите. А и патот е, главно, останат од доцниот социјализам. Таму каде што го има, меѓу наносите од снег и мраз.

Како што е познато, во социјализмот, во туристичката населба на Шапка, на Албанците речиси и да не им се издаваа дозволи за градење викенд куќи – Албанците беа политички сомнително население, главно иредента (а Шапка е блиску до Косово!), а и што ќе им се на нив куќи на Шапка кога си живеат во Тетово! Денеска, куќи, кафеани, хотели гради кој кај ќе стигне, Албанци од цел Балкан и Македонци, сѐ поретко, главно од Скопје. Демократијата е прекрасна работа, без разлика на обемот на водоводните и канализациските цевки.

За Попова Шапка никој не се чувствува надлежен, ниту општината Тетово, ниту централната власт во Скопје. Што е право, претходната власт пред пет-шест години направи некакви грандиозни планови (сум ги видел!) за развој на туристичкиот центар на Шапка, но бидејќи не беше предвидено да се гради во барок, плановите останаа на хартија.

А би можел до утре да ви зборувам за потенцијалите на идејата Попова Шапка да стане модерен зимско-летен туристички центар! Прашање е дали и Господ би можел да ни помогне во таа работа?

 


Преземањето на оваа содржина е дозволено само по 12 часот, на денот на објавувањето. Потоа, важат вообичаените правила според лиценцата Creative Commons 1.0.

Share267TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ