• Latest
Бранко Петровски

Можеби слаба и изнемоштена, правдата сепак стаса до нас, актерот Стефан за претепаниот татко

December 16, 2022

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Можеби слаба и изнемоштена, правдата сепак стаса до нас, актерот Стефан за претепаниот татко

December 16, 2022 16:16
in ОПШТЕСТВО, ПРАВДА, ТОП 5
Бранко Петровски

Бранко Петровски

Share on FacebookShare on Twitter

Можеби спора, слаба и изнемоштена но правдата сепак успеа со последните сили да стаса до нас а ние и таква со радост ја пречекавме, пишува на својот Фејсбук профил актерот Стефан Петровски и сопственик на кафе барот „Гарсон“ во центарот на Скопје, по ослободителната пресуда на неговиот татко, Бранислав Петровски кој иако беше претепан и му беше скршен черепот,  добил  приватна кривична тужба од истиот бизнисмен кој претходно на суд го призна тепањето.

-Денес во Кривичниот суд Скопје беше изречена ослободителна пресуда за татко ми кој беше пред четири години крвнички претепан од Спиро Чорогунов. Да потсетам, Спиро е директор на Караорман АД, Сваровски, хотелите Александар и уште неколку бизниси. Спиро го претепа татко ми на 18-ти мај 2019 поради рекламна табла но на тој настан предходеа уценувања од негова страна да му го отстапиме нашиот семеен бизнис.Откако одбивме тој најде причина да предизвика физички контакт и веднаш на суд ја призна вината, пишува Петровски.

Тој појаснува дека бизнисменот  добил три години условна казна во замена со една година затвор но по две години извадил лекарско уверение и со тој доказ поднел приватна кривична тужба која денес ја доби својата завршница.

-Иако казната за криминалецот е премала, голготата по која може филм да се снима конечно заврши. Ова го пишувам за да ги известам сите оние кои се грижеа и ме подржуваа во се, БЕСКРАЈНО БЛАГОДАРАМ, солзи ми капат додека го пишувам текстов, фала ви за сите споделувања, протести, поддршки. Вашата поддршка беше најважна во сите тешки моменти од оваа борба, преголема благодарност морам да упатам до Civil MK, Хелсиншки комитет за човекови права – Helsinki Committee for Human Rights, Investigative Reporting Lab Macedonia и Радио Слободна Европа кои доаѓаа и вршеа мониторинг на секое рочиште. Благодарност до медиумите Антропол, Фокус, Слободен Печат, Види Вака и многу други кои ги превземаа моите изјави, ми правеа интервјуа и прилози, кои веруваа и стоеа позади мене, воедно и беа мегафон на сите попратни неправди кои ми се случуваа мене и на моето семејство. Мојата приказна е доказ дека заедно сме најсилни, дека треба да си помагаме, затоа што тешко е да се давиш знаејќи дека околу тебе нема никој рака да подаде, вели тој во својот статус.


Брутално претепаниот Петровски во болница, во тешка здравствена состојба, напаѓачот на слобода

Print Friendly, PDF & Email
Tags: гарсонПетровскиправдапретепан
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result