Втор ден медиумските работници од „Утрински весник“, „Дневник“ и „Вест“ штрајкуваат со полно работно време. „Нејќам една, нејќам две, три плати сакам јас“, „Каде се нашите плати?“, „Ветување за плата, па лет во непознат правец“ се дел од пораките кои вработените денес ги оставија пред МПМ.
Веќе речиси еден месец трае штрајкот на новинарите од МПМ кои сè уште не ја добиле ниту јануарската плата. Штрајкот најпрво траеше два часа, подоцна се пролонгира на шест часа, а од вчера тие штрајкуваат со полно работно време. Покрај платата, новинарите веќе трет месец немаат ниту пензиско и здравствено осигурување.
Во меѓувреме, Специјалното јавно обвинителство ја истражува финансиската работа на МПМ, односно партиското рекламирање во весниците.
Текст и камера: Маја Ивановска