• Latest

Мрачна трка – ден трети…

September 28, 2017

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
Насер Селмани

Случајот Селмани пред Уставниот суд: Јавна расправа за слободата на изразување

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Мрачна трка – ден трети…

September 28, 2017 14:20
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Стартот на политичката кампања беше некако мрачен. Доказ за тоа е и исклучувањето на струјата во домот на пратеникот Амди Бајрам од Сојузот на Ромите на Македонија, кој наводно крадел струја и не плаќал сметки на ЕВН. Пред да му ја исклучат струјата, претставниците на неговата партија на прес-конференција обвинуваа(т) дека директори и надлежни лица, поставени од СДСМ, вршеле притисок врз ромските државни службеници. Ете, лоша карма!

Случајно, пред извесен период, во Шуто Оризари беше исклучен автобусот на ЈСП со број 19. Преку петиција граѓан(к)ите на Шутка успеаја повторно да имаат автобуска линија со бројот 19. Можеби стравот од „пенкалото“ кој решава кој ќе биде градоначалник во Општина Шуто Оризари, ги натера противниците на Курто Дудуш од СДСМ, да му ги скинат плакатите.

Дека сè повеќе им се „стемнува“ на луѓето, покажува и оружениот напад на Абдула Абдули кој пукал во Алит Абази, независниот кандидат за градоначалник на Општина Кичево. Покрај Абази, повредени се и неговиот шеф на Изборниот штаб, Дестан Абдиу кој што беше застрелан во бутот на десната нога и е хоспитализиран во Клиничкиот центар, но е во стабилна состојба и Шабан Далипи, кому му била укажана помош во болницата во Кичево. Дечки, намалете со тоа пиштолите, дајте, гаѓајте се со идеи за подобар живот за кичевчани!

Навивачката група „Фемили Аеродром“ со факели им ја осветлиле ноќта на претставниците на СДСМ, додека траел партискиот митинг во Општина Аеродром. Кандидатот за Град Скопје, Петре Шилегов, во својот говор истакна дека со овие избори ќе биде извршен „политички погреб на Никола Груевски“. Другари, доста ни се погреби! Дајте идеи за подобри општини во Македонија.

Арбен Таравари од Алијансата на Албанците, во Гоствар истакна дека со одговорност и љубов ќе се посвети за подобрување на градот.

„Јас секогаш сум бил еден од вас и ќе бидам секогаш, бидејќи прашањето за Гостивар е прашање на достоинство, обврска, одговорност и пред сè, љубов кон родното место. Мојот тим располага со добри луѓе, а пред сè, способни. Сите заедно подготвивме програма која е релативно амбициозна и европска“.

Убаво ќе беше Таравари одговорно и со љубов да му се посветеше и на доброто на татковината, со тоа што немаше да го стави во „мирување“ – министерувањето во ресорот на здравство.

НДП и Унитети побараа од жителите на Чајле да гласаат за Шпати Исени, од Алијансата на Албанците, бидејќи бил син „на борец од настаните во 1997 година“. На граѓаните им требаат лидери кои ќе им го подобрат животот, доста им беа синови, чичковци, вујковци, братучеди… кои биле борци!

Со ваква, ем весела, ем темна политичка кампања, човек нема време на раат да седне и да гледа фудбал, Лига на шампиони или Куп на УЕФА. Обременет со целата политичка ситуација, „ми се стемни“ кога прочитав дека починал Хју Хефнер. Дали во кампањава некој од политичарите ќе вети дека ако дојде на власт, ќе му направи споменик во Скопје?

Дехран Муратов

Tags: АеродромАмди бајрамден третиЕВНлокални изборимрачна кампањаТаравариХју ХефнерШилеговШутка
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ