• Latest

Мерки за намалување на семејното и насилството врз жените

March 3, 2018

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026

По обвинувањата за изборна измама, Израел ги потврди резултатите и влегува во коалициски преговори

November 4, 2026
Фото; Unsplash

Масовни протести во Чешка против реформата на јавните медиуми: Илјадници граѓани бараат заштита на медиумската независност

November 4, 2026

ИНФОГРАФИК: „Блунами“ во САД – што донесе синиот бран и што е следно за Трамп и светот

November 4, 2026

Син бран ја менува Америка: Демократите го освоија Конгресот, Трамп ја губи политичката доминација во Вашингтон

November 4, 2026

Проширувањето на ЕУ забрзува, Северна Македонија ризикува да остане на маргините

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Мерки за намалување на семејното и насилството врз жените

March 3, 2018 10:11
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Општина Охрид во соработка со институциите што ја третираат проблематиката на семејното насилство ќе се залага за преземање мерки за намалување на таа негативна социолошка појава, како и активности за соодветно згрижување на жртвите од семејно насилство.

Тоа беше истакнато на вчерашната трибина „Семејно насилство и насилство врз жените” одржана во Општина Охрид, со цел актуелизирање на семејното насилство како појава во која најчесто  жртви се децата и жените од ранливите категории.

На собирот беа посочени историските корени на нерамноправноста меѓу мажите и жените, а семејното насилство како манифестација на нееднаквост во распределбата на моќта меѓу половите и како главен механизам за одржување на таквата состојба.

Според податоците на Центарот за социјални работи, минатата година се регистрирани 206 пријави за семејно насилство, што укажува на се поразвиена свест на жртвата да го пријави насилството. Преставниците на СВР Охрид ги презентираа активностите што ги презема Одделот за превенција за спречување на таквите појави, со забелешка дека чести се случаите кога жртвата се плаши да пријави насилство или се откажува од тоа во текот на самата кривична постапка.

На трибината беше презентирана и Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство, ратификувана во Собранието во декември минатата година. Истанбулската конвенција насилството врз жените го дефинира како кршење на човековите права, додека домашното насилство како форма на акт на физичко, сексуално, психичко односно економско насилство што се случува во рамки на семејство или домаќинство. Договорот ги обврзува владите на државите потписнички да спроведат конкретни мерки и активности за спречување на сите форми насилство врз жените, со приоритет на спроведување ефективни мерки за заштита на правата на жените кои минале низ насилство.

На трибината беше укажано на потребата од отварање „шелтер“ центри за згрижување на жртвите од семејно насилство, како и иницирање слични средби, трибини, јавни раправи на кои би биле лоцирани проблемите и во насока изнаоѓање соодветни решенија за истите.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: меркинамалувањеОхридсемејно насилствотрибина
Share9TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ