• Latest

МТСП: Семејството на трите деца кои загинаа во пожарот во Велес е корисник на социјална парична помош

June 21, 2018

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

МТСП: Семејството на трите деца кои загинаа во пожарот во Велес е корисник на социјална парична помош

June 21, 2018 11:16
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Семејството на трите деца кои вчера настрадаа во пожар во Велес било евидентирано во системот на Центарот за социјална работа во Велес и биле корисници на социјална парична помош, информира денеска Министерството за труд и социјална политика (МТСП).

– Денес, општина Велес во соработка со Центарот за социјална работа се ангажираат за организирање на погребот за настраданите деца. Во тек е истрагата на Основното јавно обвинителство и Министерството за внатрешни работи. За сите понатамошни детали од истрагата, како и за постапувањата на Центарот за социјална работа, согласно потребите и надлежностите, јавноста ќе биде благовремено информирана, соопшти МТСП.

Јавното обвинителство на Република Македонија информира дека родителите ги заклучиле децата и заминале во продавница, а за тоа време, од засега непознати причини, избувнал пожар и за кратко време ја зафатил куќата во која животот го загубија три деца на возраст од четири, две и една година. Увид на лице место извршил надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес кој издаде наредби за обдукција на телата на починатите деца и вршење на идентификација. Ќе се врши проверка на трагите земени од лице место за да се утврдат причините за настанување на пожарот.

Претходно МИА објави дека во пожар на куќа на улица „Даре Џамбаз“ б.б над последните куќи под ридот Вршник во високиот дел на Велес во пожар на трошна куќа која се наоѓала во шума изгореа три деца на една, две и четири години.

Како што информира за МИА Љубчо Лепидовски командир на Територијалната противпожарна единица од Велес, пожарот е пријавен од граѓани кај нас во 16:05 минути.

– Отидовме со противпожарното возило џип, а пожарот беше во трошната куќа која е на непристапен терен во шума во високиот дел од градот за последните куќи. Стасавме заедно со родителите кои биле да пазарат во продавница, а ги оставиле децата сами дома. Покривот беше паднат и ние гасневме, а заедно со нас беше и таткото. Кога изгаснавме мислевме дека децата избегале, но за жал ги најдовме склупчени во едно ќоше. Прво ги најдовме целосно задушени од огнот и изгорени – двете девојчиња на две и четири години, а потоа малку понатаму и најмалото едногодишно девојче. Глетката беше страотна. Во куќата немаше ни вода ни струја и имаше многу пластични шишиња кои ги собирало семејството, кое било социјално загрозено, појасни Лепидовски.

Tags: ВелесДецазагинатипожартрагедија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ