• Latest

Ќе му дозволи ли власта на Судот, конечно, да му дозволи на СЈО да работи?!

November 29, 2016

Невработени има, работници нема: Парадоксот на македонскиот пазар на труд

September 1, 2026

ЦИВИЛ бара од Владата да постапи одговорно и според законот: Величањето воен злосторник е политички, правно и морално неприфатливо

September 1, 2026
Бледски стратешки форум (Скриншот: Bled Strategic Forum YouTube Channel)

Бледски форум: Проширувањето на ЕУ е геополитичка потреба, Муцунски бара стратешка визија за Западен Балкан

September 1, 2026

Шести ден континуиран руски терор врз Кијив: Ракети „Калибар“ и „Циркон“, балистички проектили и 218 дронови во нов масовен напад врз Украина

September 1, 2026
Скриншот од видео на WLOS ABC 13 News

Русија се врати на масата на Г20, Европа возврати со бојкот: Бесент му порача на Силуанов – нема економско олеснување додека трае војната

September 1, 2026

Две години ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Секојдневен граѓански форум со ЦИВИЛ, гласно и бескомпромисно

September 1, 2026

Нема штета, нема загадување – но „Мазут“ повторно се враќа на истрага

August 31, 2026
Петер Маѓар, Оливер Андонов - Блед, Словенија, 31 август 2026

(ФОТО ВЕСТ) Андонов на средба со унгарскиот премиер Маѓар во Блед: Поддршка за македонскиот пат кон ЕУ

August 31, 2026
Украинска инфраструктура уништена од агресорот

Украина повикува на засилена енергетска поддршка пред зимата: Русија подготвува нови напади врз енергетиката

August 31, 2026

Сè помалку ученици, сè повеќе празни училишта: Демографскиот пад го менува образовниот систем

August 31, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ќе му дозволи ли власта на Судот, конечно, да му дозволи на СЈО да работи?!

November 29, 2016 16:02
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Откако Кривичниот суд го одложи рочиштето за седумтемина вработени во УБК, кои од Специјалното јавно обвинителство се обвинети за случајот „Тврдина“, за 17 јануари 2017 година, со образложение на судијката Лидија Петрова дека – СЈО немало дозвола од УБК да ги употребува класифицираните докази во судска постапка, се поставува прашањето: дали и со декласифицирањето, како и со бројните досегашни опструкции на работата на СЈО, само се купува време, за да се дочека изборната разврска?  

sinischa-kolumna
Пишува: Синиша Станковиќ

Обвинетите во случајот „Тврдина“ се товарат за  фалсификување службена исправа, односно за уништување на документацијата за двата система од аферата за нелегалното прислушување, кои според СЈО,  биле уништени во нестандардна постапка. СЈО ги товари обвинетите и дека незаконски уништиле документација, преку која истрагата можела да дојде до податоци на кој начин УБК вршела прислушкување.

Обвинителката Ленче Ристоска од СЈО вчера истакна дека со одлуката на Судот се доведуваат во прашање и останатите постапки во кои класифицираните докази не биле декласифицирани.

Иако сите разумни луѓе во земјава најверојатно се согласуваат со почитување на законот и на процедурата, инсистирањето на Судот – СЈО да има формален акт од УБК, со кој ќе му се дозволи непречено користење на класифицираните докази во судската постапка, во судење на вработени и на функционери на УБК, по мегааферата со прислушувањето на десетици илјади граѓани на Македонија(?!), е најблаго речено – проѕирно.  Особено, откако јавните обвинители Ристоска и Трајче Пеливанов го „потсетиле“ Судот дека СЈО уште пред шест месеци поднело формално барање до УБК, кое поради опструкциите, воопшто не му е доставено!

Иако Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева беше децидна јавно порачувајќи дека „никој нема да ме обесхрабри, ниту може да влијае врз исполнувањето на оваа задача што вие граѓаните ми ја дадовте“, по девет истраги и две покренати обвиненија со 21 обвинет, кај дел од јавноста, особено оној критички настроениот кон власта, сé уште постои стравување дали актуелната власт ќе дозволи случаите од „бомбите“ во кои се инволвирани актуелни и поранешни, високи функционери во власта, воопшто да доживеат судска разврска!

Ако победата на  правдата и повторното воспоставување на правната држава во Македонија, зависат само од исходот на изборите, тогаш, белки е јасно дека без оглед на квалитетот на политичката понуда во кампањата или на идеолошката определба на избирачите, на 11-ти декември, едноставно, не треба да има неопределени, а уште помалку – апстиненти, демотивирани и деморализирани граѓани, чиј избор би бил да не излезат на гласање! Оти, маф ни е работата, одамна ни е догорено до нокти!

На Македонија  ѝ е неопходно драстично „проветрување“ на судството, ослободување од диригирани („сваровски“ и слични послушници) делители на правдата, како и ангажирање на вистински професионалци, независни и едуцирани правници, со чест и достоинство. Зашто, инаку, по секои избори, за жал, победниците на изборите, редовно, лесно ќе наоѓаат нови (или, ќе ангажираат на време „прешалтувани“) „судии за бесење“ на политичките опоненти и на сите инакумислечки, како дел од одмаздата за периодот додека биле во опозиција.

 

Tags: „сваровски“ - судиибомбиКатица ЈаневаЛенче Ристоскаодложено судењеприслушувањеСЈОТврдинаУБК
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ