Новинарот и активист Дехран Муратов, ЦИВИЛ, со своето учество во иницијативата „Направи разлика: Почитувај ги различностите“ преку видео порака им порачува на граѓан(к)ите дека не треба да ги учиме нашите деца дека „сите се исти“, напротив, треба да ги учиме дека сите се различни, се раѓаат различни, но дека сите имаат исти права.
Различностите кај нас се богатство, никако не може да бидат проклетство. Нашето општество е како една овошна салата, односно колку повеќе различни овошја има толку таа е поубава, побогата, поразлична… Исто ката и во останатите салати, на пример македонската, грчката или шопската салата е поубава ако има различни зеленчуци таа е поубава. Така е и со луѓето, доколку во едно општество има различни етникуми, различни верски заедници тогаш тоа општество е поубаво и побогато.
Не треба да ги учиме нашите деца дека „сите се исти“, напротив, треба да ги учиме дека сите се различни, се раѓаат различни, но дека имаат сите исти права. Тоа е она што треба да ги учиме, дека секој е различен, но има исти права.
Исто така, имаме една рака но сите прсти се различни, така е и во едно општеството, сите сме различни, но живееме заедно и мора да се почитуваме.
Колку повеќе различности има толку е побогато нашето општество, затоа направи разлика почитувај ги различностите.
камера: Атанас Петровски
монтажа: Араиан Мехмети
фотографија: Џабир Дерала