Со своето учество во иницијативата на ЦИВИЛ „Направи разлика: Почитувај ги различностите“, Атиџе Муратова преку видео порака им порачува на граѓанките и граѓаните дека сите сме исти, без разлика дали имаш бела или црна кожа, сепак срцето е исто.
„Сите сме под исто сонце, под ист Бог. Ти си Турчинка, или јас сум Турчинка, ти си Македонка, но сите имаме ист Господ. Сакам до крај да биде така, да бидеме сите заедно. Јас никако не ги делам другите, помладите генерации што доаѓаат исто така треба да се почитуваат како што кажувам. Тоа е најдобро. Подобри ќе бидеме, поблиски ќе бидеме, подобро ќе се чуваме. Затоа што едни од други ќе учиме, јас од тебе, ти од мене, од ден на ден луѓето ќе имаат доверба, разбирање. Јас разликувам добри луѓе и лоши луѓе. Така сум се навикнала, во таква средина сум била, со разни луѓе. Поради тоа што почитував, животот ме однесе уште подалеку да одам. И таму исто луѓето многу почитувале. Не е тоа што се вика црна кожа имал, бела кожа, ама срцето на сите е исто. Тоа најмногу ме поврзуваше. Луѓето ме почитуваа“, истакна Муратова.
Ирена Крџиќ
камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети