Министерството за внатрешни работи преку својот оддел за криминалистичка техника популарно познат како Крим техника е првата институција која по допрен глас односно по написите во медиумите, презеде чекор и влезе со детална истрага на Клиниката за онкологија, објави 24инфо.
За потсетување, пред три дена, МВР заедно со ОЈО вршеа претреси на Клиниката, но одзедоа и компјутери и документација и од два приватни станови во Скопје.
Тоа значи дека се преземаат оперативни дејствија, дека се врши голема истрага која по се изгледа ќе резултира со конкретна кривична пријава и судски процес против осомничени лица.
Револтот на јавноста е оправдано силен, но истотака оправдана е и ефикасноста на МВР и на надлежното јавно обвинителство кои преземаат се што е потребно да се пронајдат и соодветно казнат сите одговорни за монструозниот криминал што со години се случувал на Клиниката за онкологија.