Поттиканати од говорот на омраза и заканите кон Катерина Цаневска преку социјалните мрежи, а повторно во контекст тргањето на споменикот на Андон Лазов Јанев – Ќосето, од МВР побаравме одговор и на прашањата со колку пријави рапсолагаат за говор на омраза и закани преку социјални мрежи, колку случаи до сега се расчистени и дали МВР поведува истрага за вакви случаи по допрен глас или дојава.
„Во месец јануари 2018 година регистрирани се две кривични дела извршени од омраза и тоа: „предизвикување на омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа“ на подрачје на СВР-Охрид и „расна и друга дискриминација“ на подрачје на СВР Битола. По преземени мерки, во врска со регистрираните кривични дела, кривично пријавени се двајца сторители“, одговорија од МВР.
За потсетување, на почетокот на февруари, МВР објави дека документирани и процесуирани се 30 приговори во кои преку социјалните мрежи на носители на државни функции им била загрозена сигурноста или биле злоупотребени нивните лични податоци.
Б. Јордановска