Вчера од страна на полициски службеници од СВР Битола -ОВР Прилеп на ул. „Прилепски бранители” во Прилеп, при контрола и преглед на патничко возило „голф“ управувано од А.Б (47) од Прилеп, пронајдени се и одземени вкупно 7480 парчиња пиротехнички средства, соопштија од Министерството за внатрешни работи.
Заради сомнение за сторено кривично дело по чл.396 од КЗ лицето е лишено од слобода и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Со започнување на кампањата „Петарди НЕ, безбедност пред сè“, а во пресрет на новогодишните празници засилени се и контролите и активностите за спречување на продажба и употреба на приотехнички средства. Истовремено се одржуваат предавања за опасноста од пиротехничките средства во училиштата низа земјата.
ЦИВИЛ ја поддржува кампањата на МВР со апел да не се употребуваат петарди и други пиротехнички средства и ги повикува граѓанките и граѓаните да го пријават несовесното и противзаконско однесување.












