• Latest
Добро утро со Орданоски

На есен, вонредни избори?

June 6, 2019
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

На есен, вонредни избори?

June 6, 2019 07:33
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]Д[/dropcap]раматичноста со која, од неодамна, Заев ја предупредува Европската Унија дека, доколку земјава не добие датум за преговори, ќе биде доведено во прашање натамошното опстојување на оваа Влада, не е блеф.

Еден дел од таа логика е едноставен: ако ја нема „големата приказна“ на практичните процеси за реформско евро-интегрирање, овдешниот владејачки коалициски „лепак“ не може веќе да ги издржи сите противречности со кои се соочува овој владин состав во секојдневното управување со државата. Висока е и разновидна политичката цена што ја плаќа главниот коалициски партнер заради неспособноста и „лошото минато“, втиснати во партискиот ДНК, на својот јуниор-партнер во власта. Таа приказна е сто пати раскажана, со секојдневни нови продолженија на ДУИ-серијалот. На тоа се надоврзуваат и разни владејачки инсуфициенции и на самиот СДСМ.

Друг мал дел од причините за тие предупредувачки „закани“ на Заев до ЕУ е и заморот што мора да го чувствува лично тој заради тоа што 4-5 години не е застанат со влечење врз својот грб на таков товар – од рушење на еден недемократски режим, до реставрирање на функционална демократија во државата – за кој малкумина веруваа дека некогашниот струмички градоначалник има капацитет да го донесе до целта. А сега целта се испоставува дека е подвижна, а не ветуваната стабилна мета, што наместо полесно, уште потешко се гаѓа!

Сепак, зад целата оваа предупредувачка стратегија на Заев постои и поинаква, сосема одредена, луцидна политичка калкулација.

Имено, доколку летово Северна Македонија не добие преговарачки датум со ЕУ, наесен нè очекува најверојатно соочување со нова влада во Грција, предводена од тамошните конзервативни десничари и нивните уште подесни политички ферментации. Тие се таман толку исфрустрирани од развојот на македонско-грчките односи во последниве две години, колку што се и нашиве вмровци овде. И на Нова демократија ѝ е јасно дека Преспанскиот договор не може да биде поништен, но уште како може да биде развлечен, забавен, проблематизиран на секој нареден чекор од неговото спроведување, вклучувајќи го и обратниот од сега, негативен став околу самото отворање на преговори за нас со ЕУ. Победничкиот балкански наратив со кои Заев и Ципрас ги заслужија сите меѓународни комплименти, овдека постепено позитивно, а во Грција контрапродуктивно влијаат врз позитивното менување на локалните национал-шовинистички политики меѓу гласачите. Ципрас веќе доживеа пораз на тамошните локални и европски избори, што најверојатно ќе се преточи со продолжен сличен резултат и на предвремените парламентарни избори.

Според тоа, во таква ситуација, антиципацијата на мислечкиот дел од тимот на Заев е реална: ние ќе одиме на редовни избори кон крајот на 2020 година во атмосфера во која големите адути на домашната политичка сцена – евро-атлантската приказна и забрзувањето на внатрешните реформи – ќе бидат конфронтирани и доведени во прашање со ситни и покрупни провокации од новата власт во Атина, на што ќе се надоврзе и развојот на кризата во Албанија и на релациите меѓу Косово и Србија, што има потенцијал да ги засени сите домашни економско-политички успеси, без разлика дали и колку ќе ги има. Македонија ќе мора да влезе во повторен циклус на домашни и регионални национал-шовинистички теми и дилеми, конфронтации и инциденти, со предвидливо намален интерес на меѓународната заедница за нивно наново решавање.

Наместо да се откочи, проевропската политика на Балканот дополнително ќе се искомпликува. Сето тоа ќе биде и шанса за македонската опозиција, каде сè-е-исто-само-него-го-нема, во за неа поволна политичка атмосфера повторно да се консолидира врз груевистичката будимпештанска платформа.

Останатото е добро познатиот балкански фолклор и пропагандни хистерии по медиумските и социјалните мрежи. Животот дополнително да ти се згади, по сите основи!

Затоа и се чини дека, не добиеме ли датум за преговори со ЕУ, распуштање на оваа Влада и вонредни избори, веќе на есен, се единствената логична стратегија за натамошна консолидација на постигнатите успеси на оваа власт.

Па, на вонредните избори – ком обојци, ком опанци! На тие избори гласачите ќе треба да решат: сакаат ли продолжување или пропаст на сегашната македонска варијанта на Вајмарската Република, откако, историски парадоксално, овдека „палењето на Рахстагот“ не им успеа на недемократските сили во април 2017 година?

Тенок е овој „мраз“ по кој цапа Заев, но не можам да најдам грешка во таа, по малку очајничка, логика, заснована врз можната одлука на Европскиот совет на Унијата да не ни додели датум за отворање на преговорите.

 

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста.

Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Share377TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ