На израелските разузнавачи им беше наредено да го напуштат Катар откако преговорите за прекин на огнот навлегоа во црна дупка, соопшти разузнавачката агенција Мосад.
Во соопштението пренесено од кабинетот на израелскиот премиер, Мосад наведува дека нејзиниот шеф, Дејвид Барнеа, „наредил неговиот тим во Доха да се врати во Израел“, откако тоа му било наложено од Бенјамин Нетанјаху, пишуваат израелските медиуми.
„Терористичката организација Хамас не го исполни својот дел од договорот, кој вклучуваше ослободување на сите деца и жени, според списокот доставен до Хамас и одобрен од него“, се наведува во соопштението.
Катар посредува во преговорите меѓу Хамас и Израел од почетокот на војната, играјќи клучна улога во организирањето и продолжувањето на неодамнешниот еднонеделен привремен прекин на огнот и ослободување на заложниците.
Г. Т.