УТРИНСКИ КОЛУМНИ
Изборно решавачкиот број повторно се сведува на пар стотици илјади гласачи кои, по правило, би требало да имаат порационален, отколку поемотивен пристап при своето гласање. И тоа кај голем број од нив ќе биде повеќе избор за кого да НЕ гласаат, отколку за кого да гласаат. Ако, воопшто, решат да излезат на гласање – што е предизборниот мобилизациски трик на секоја изборна кампања, читајте во новата колумна на Сашо Орданоски „Во недела, изборот ќе биде рационален”.
МОНИТОРИНГ НА ЦИВИЛ
ЦИВИЛ ќе го презентира својот Извештај од долгорочниот изборен мониторинг, денес, петок, 15 октомври, со почеток во 12:30 часот. Презентацијата за јавноста и медиумите ќе се одржи во Бизнис центарот „Палома Бјанка“, во прес центарот на ЦИВИЛ, на 3. кат.
Во Извештајот на ЦИВИЛ се поместени извештаите од мониторингот во повеќе од десет категории кои се нотирани во изминатиот, предизборен, период.
ЦИВИЛ ќе ги изнесе и своите наоди, анализи и препораки во пресрет на првиот круг од локалните
ВАЖНИ НАЈАВИ И АКТИВНОСТИ НА ЦИВИЛ
МОНИТОРИНГ на www.civilmedia.mk за да се информираат навремено за сите активности во кои има простор за нивно учество.
ПРОДУКЦИЈА Тимот на ЦИВИЛ и Редакцијата ЦИВИЛ МЕДИА ќе имаат голем број средби и интервјуа со кандидатките и кандидатите на локалните избори.
АНГАЖМАН ЦИВИЛ е отворен за соработка и за ангажирање на новинар(к)и и асистент(к)и на проекти – до крајот на декември. Потребно е да се испрати биографија и мотивациско писмо на [email protected].
ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2021
– Изборни активности на караванот „Најдоброто за мојата општина“ предводен од СДСМ меѓу граѓаните на Арачиново и Куманово каде ќе се обратат претседателот на СДСМ Зоран Заев и кандидатите за градоначалници.
– Во рамки на вториот караван во Велес ќе се обратат генералниот секретар Љупчо Николовски и кандидатот за градоначалник Ненад Коциќ.
– Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ја претстави изборната кампања „Создади нова иднина!“ во Карбинци, Лозово, Свети Николе и во Штип.
– Прес-конференција на кандидатката за градоначалник на Скопје, поддржана од ВМРО ДПМНЕ, Данела Арсовска во Скопје.
-Изборни активности на Движењето „Одлучно за промени“ предводено од Зелената партија ДОМ и ЛДП во Општина Центар.
– Демократската Унија за Интеграција ќе одржи собир во Гостивар.
– Прес-конференција на оортпаролот на Демократската Унија за Интеграција Бујар Османи од партиското седиште во Чаир.
– Прес-конференција на Драгана Велковска, носителката на листата на Зелен Хуман Град пред ЈП „Лајка“.
– Прес-конференција на кандидатот за градоначалник за град Скопје Александар Тортевски од ТВОЈА партија пред седиштето на партијата во Скопје.
– Изборни активности на Движењето Беса во Тетово..
НАСТАНИ
ТРУД И СОЦИЈАЛА: – Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска ќе го посети Рудникот за олово и цинк САСА во Македонска Каменица, по што ќе даде изјава за медиумите.
НАУКА: – Меѓународна научна конференција „Предизвиците на компаративната книжевност во 21 век“ по повод 40 години од основањето на Катедрата за општа и компаративна книжевност.
ДЕБАТА: – Рурална Коалиција организира презентација и дебата: „Каде води патот на родово-одговорното буџетирање во секторот земјоделство и рурален развој?, по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на жената од руралната средина – 15 Октомври, онлајн на платформата ZOOM.
Дел од најавите во овој текст се од сервисот на МИА.
Д. Мишев