На референдумот во Босилово излезноста до 17 часот е 23,11 проценти, најслаб резултат во ова време од референдумскиот ден, споредено со претходните референдуми одржани во Гевгелија, Богданци, Дојран и Валандово.
Од невладината Здрава котлина, која е иницијатор за овој референдум, не се предаваат. Велат дека се надеваат дека граѓанките и граѓаните, сепак, ќе се одважат и ќе излезат во доволен број до 19 часот, за референдумот да успее. До 17 часот, своето гласачко право го оствариле 2.843 гласачи. За успех на референдумот, потребни се уште 3.308 гласачи.