Повеќе од 30 лица, од кои четири деца загинаа, а над 300 се повредени во земјотресот со интензитет од 7,6 степени според Рихтеровата скала што синоќа го погоди централниот дел на Папуа Нова Гвинеја.
– Спасувачките екипи се обидуваат да стигнат до планинските области каде патиштата се затрупани, а во прекин се и телефонските линии, јавија утрово локалните медиуми, еден ден по земјотресот, чиј епицентар беше 90 километри југозападно од долината Поргера, каде има повеќе села и еден рудник за злато.
Според весникот „Пост Куријер“ најмалку 13 лица загинале во Менди, а 18 во неговата околина.
Католичкиот свештник отец Пиус Хал изјави дека во одроните предизвикани од земјотресот загинале најмалку 10 лица, од кои четири деца.
Епицентарот на земјотресот бил на 560 километри од главниот град на Папуа Нова Гвинеја, Порт Морсби, на длабочина од 35 километри. Земјотресот се случи вчера во три часот и 45 минути по локално врема (18 часот и 45 минути по централноевропско време во неделата), соопшти Геофизичкиот институт на САД.
Во зоната на епицентарот има неколку наоѓалишта на нафта и на гас. Компанијата „Ексон Мобил“ во Папуа Нова Гвинеја соопшти дека се оштетени инсталациите за гас во фабриката во Хидес, а дел од персоналот е евакуиран.
Австралиската нафтена компанија „Оил Срч“ (Oil Search) соопшти дека прекинала со работа додека не се процени штетата.
Папуа Нова Гвинеја има околу седум милони жители.
[divide]
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.