• Latest

Над 80 дела од жени-уметници на изложба во Чифте амам

March 7, 2018

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Над 80 дела од жени-уметници на изложба во Чифте амам

March 7, 2018 08:42
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Повеќе од 80 дела од 60-ина авторки од Македонија и од поранешна Југославија од различни генерации ќе бидат претставени на изложба „Чудесните жени од колекцијата на Националната галерија на Македонија“  која вечер во 19 часот ќе биде отворена во Чифте амам. 

Изложбата ги прикажува жените уметници во колекцијата на НГМ  чии дела, главно, се чуваат во депоата на Галеријата. Во постојаната поставка на НГМ има дела од седум авторки. Најстаро дело што ќе биде претставено е од југословенската колекција, на уметницата Надежда Петровиќ од 1905-1910. Се работи за масло на платно, а насловот е „Друштво“ (Карташи).

НГМ изложба

– Нема специфики во техниките со кои авторките ги изработувале своите дела. Станува збор за сите стандардни мултимедијални техники кои се користеле низ децениите, велат од НГМ.

Според кураторката Маја Чанкуловска-Михајловска, изложбата е пресек на македонската ликовна уметност претставен низ постојаната поставка во Даут-пашин амам.

– Дури и еден бегол поглед врз оваа поставка не соочува со фактот дека во 21 век процентот на застапени жени уметници во една репрезентативна поставка на македонска уметност е неверојатно мал. Се надеваме дека изложувањето на овие дела ќе понуди поинаков поглед не само за постоењето на индивидуалните напори и остварувања, туку и за флуидната категорија „женско писмо“, вели  Чанкуловска-Михајловска.

НГМ портрети

Изложбата која се отвора по повод Меѓународниот ден на жената ќе може да се посети до крајот на месецов. 


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: жениизложбаНационална галерија на Македонија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ