• Latest

Над осумдесет проекти во Новиот културен бран во 2017 година

January 6, 2018

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026

Мицкоски има потреба од внимание и нежност, поддршка

June 30, 2026

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026

Децентрализација без демократизација – изгубениот глас на граѓанинот

June 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Над осумдесет проекти во Новиот културен бран во 2017 година

January 6, 2018 09:30
in ВЕСТИ, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Точно 82 проекта со квалитетна, естетизирано профилирана и вредносно издржана содржина беа дел од манифестацијата „Нов културен бран“ која се реализираше во два конкурсни рока за пет месеци (август-декември) во 2017 година – се вели во онлајн извештајот на Министерството за култура. Според извештајот, овие проекти се избрани како најуспешни од 348 проекти кои биле поднесени во Министерството, а вкупниот износ за спроведување на избраните проекти е 10.600.000 денари или околу 173.000 евра.

Ако се земе предвид бројот на проекти и опфатот на различни уметнички и културни области, како и бројот на учесници и публиката, може да се заклучи дека ова е прилично скромна сума. Оваа констатација се наметнува особено ако се обидеме да направиме споредба со милионските суми во евра кои претходната власт ги трошеше за апсурдни проекти кои не само што немаа уметничка вредност, туку беа штетни и деструктивни.

Понатаму, во извештајот на Министерството се објаснува дека манифестацијата „Нов културен бран“ се реализирала според мотото на Министерството за култура: „Култура до сите – култура за сите“.

„Целта беше да се поттикне и да се активира независната културна сцена, да се истакне значењето на граѓанскиот сектор преку делувањето на невладините организации, здруженија и асоцијации од областа на културата, за кои се смета дека можат да внесат посвежи идеи и иновативни пристапи во креирањето на културната понуда со проекти кои се во слух со времето“ – информира Министерството.

Деметрополизација и конкретна децентрализација на културните содржини беше уште една цел на „Нов културен бран“. Освен во установите од областа на културата, локациите на одржување на културните и уметничките содржини беа и други јавни и алтернативни простори, дури и нефункционални, руинирани објекти или простори кои се „рестартираа“ како уметничка сцена. Најголем број од активностите беа дисперзирани на ниво на целата држава, беа опфатени речиси сите градови (Битола, Кочани, Прилеп, Дебар, Штип, Демир Хисар, Струмица, Гевгелија, Крива Паланка, Берово, Делчево, Куманово, Неготино, Македонски Брод, Крушево, Свети Николе, Виница), а дел од програмата се реализираше и во помалите места, како: с. Бело – Кочани, с. Могила – Битола, с. Велуса – Струмица, с. Сермени – Гевгелија, с. Пештани – Охрид.

Се реализираа проекти од сите дејности од областа на културата, проекти со разновидна жанровска содржина, современи културни и уметнички изрази и вредности, и тоа: камерни, хорски и солистички концерти, настапи на фолклорни ансамбли, пејачки групи, изворни оркестри, рок, џез, гаражни бендови, театарски претстави, интересни ликовни претставувања, книжевни настани.

М. Л.

Tags: КУЛТУРАМинистерство за култураНов културен бранпроекти
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ