Државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2017 година во областа на воспитувањето и образованието им се доделува на професорот и писател Венко Андоновски и на историчарот Наим Алими, а во областа на културата и уметноста на музичарот Гарабет Тавитјан, писателот Јордан Плевнеш и филмологот Илинденка Петрушева.
„Државната награда ‘Св. Климент Охридски’ претставува највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Македонија“, соопштија од Министерството за култура.
Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 8 декември во 13 часот во Собранието на Република Македонија.
М. Ивановска