ЦИВИЛ организира панел дискусија на тема „Национализмот на политичката улица“ што ќе се одржи во четврток, 14 јули 2022 година, со почеток во 13 часот.
На оваа панел дискусија ќе се поведе дискусија за повеќе аспекти на националистичкиот наратив што стана придружен елемент на актуелните протести против европскиот предлог за пристапни преговори на Северна Македонија за членство во ЕУ. Дел од прашањата за кои ќе се дискутира се:
- Дали и каква одговорност имаат инспираторите и организаторите на протестите?
- Каква е врската меѓу националистичкиот наратив насочен кон меѓуетничките односи во земјата и европското решение за почеток на преговорите со ЕУ?
- Кои се последиците од етничката омраза на протестите по меѓуетничките односи и демократските процеси во општеството воопшто?
- Дали и какви мерки преземаат релевантните институции во овој период?
На панел дискусијата се поканети претставници на експертската заедница, граѓанското општество, Владата, висок претставник на ВМРО-ДПМНЕ, а со кратки излагања ќе учествуваат и неколку членови на раководството на ЦИВИЛ.
Настанот е дел од проектот „Чекор напред кон мултикултурно општество“, финансиран од Министерството за надворешни и европски прашања на Големото Војводство Луксембург.
Вообичаено времетраење на овие настани е 60-90 минути. Настанот ќе се емитува во живо, на Фејсбук страницата и Јутуб видео каналот на ЦИВИЛ.
ЦИВИЛ Тим за комуникации