• Latest
Фото: миа.мк

Најбрзиот пат кон ЕУ напредокот во реформите, повици за вклученост во процесите од сите партии

March 23, 2023

Нема штета, нема загадување – но „Мазут“ повторно се враќа на истрага

August 31, 2026
Петер Маѓар, Оливер Андонов - Блед, Словенија, 31 август 2026

(ФОТО ВЕСТ) Андонов на средба со унгарскиот премиер Маѓар во Блед: Поддршка за македонскиот пат кон ЕУ

August 31, 2026
Украинска инфраструктура уништена од агресорот

Украина повикува на засилена енергетска поддршка пред зимата: Русија подготвува нови напади врз енергетиката

August 31, 2026

Сè помалку ученици, сè повеќе празни училишта: Демографскиот пад го менува образовниот систем

August 31, 2026
Кијив, 31 август 2026 (извор: ДСНС)

Рускиот терор продолжува, расте црниот биланс на загинати, Кијив ги засилува „долгометните санкции“

August 31, 2026

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Најбрзиот пат кон ЕУ напредокот во реформите, повици за вклученост во процесите од сите партии

March 23, 2023 08:10
in ВЕСТИ
Фото: миа.мк

Фото: миа.мк

Share on FacebookShare on Twitter

Пристапувањето во Европската унија мора да биде процес во кој има согласност меѓу сите политички партии, и од власта и од опозицијата, а најбрзиот пат кон Унијата се напредок во реформите, уставните измени се суверена одлука на државата, порачуваат претставниците на ЕУ. Од Владата, пак, порака дека одговорност за овозможување продолжување на пристапниот процес има секоја политичка партија, со укажување до опозицијата дека вратата останува отворена за нивно приклучување во работната група за изработка на уставните амандмани.

-Има голем број области каде што треба да се направат реформи и само тоа е патот којшто води напред кон ЕУ. Уверен сум дека оваа земја може да ги унапреди реформите и многу сум уверен, цврсто верувам дека приклучувањето кон ЕУ е достижно многу брзо, изјави вчера евроамбасадорот Дејвид Гир наведувајќи дека имаат редовни контакти со различни политички партии кои се дел од Владата, но и од опозицијата.

Според него, целото прашање за уставните измени е суверена одлука што треба да ја донесе оваа држава.

-Ние зборуваме за сите прашања коишто се релевантни со сите засегнати страни. Но, уште еднаш би сакал да не навлегувам во поединечни детали за разговорите коишто ги имаме со лидери или членови на политички партии. Доволно е да кажам дека сакаме да ја видиме оваа држава како се движи брзо кон ЕУ, патот е отворен, сега имаме одлична можност и сега е времето да се искористи таа можност како што слушнавте од високиот претставник Борел и од комесарот Вархеји минатата недела, потенцира Гир  по потпишувањето на Договорот за грант од ЕУ со ЕИБ за пречистителната станица за отпадни води во Скопје. 

Тој при тоа ги издвои реформите во правосудството, каде се потребни значајни чекори за натамошен напредок, за кои што рече ЕУ ќе помогне и финансиски и технички. Евроамбасадорот нагласи дека мора да се осигура дека ќе има правосудство што ќе ја има довербата на јавноста и кое ќе биде независно, професионално и објективно.

-Како што знаете Европската Комисија секоја година има извештај за земјата која го следи напредокот преку граница во областа на реформите поврзани со ЕУ и природно ова длабински го разгледува прашањето за реформите во правосудството и владеењето на правото бидејќи е суштински елемент во пристапниот процес. Токму затоа го следиме развојот во секоја фаза од самото отварање на преговорите до приклучувањето на земјата, рече Гир.

Со денешното исконско признавање од страна на Вселенската патријаршија, МПЦ - Охридска архиепископија станува неискоренлив дел во евхаристиското општење со својата јерархија, клирот и народот

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ на истиот настан, коментирајќи ја одлуката на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да учествува во работната група за уставните измени, рече дека е жално доколку не учествуваат и дека одговорност има секоја политичка партија и секој политичар, посочувајќи дека вратата останува отворена за нивно приклучување.

-Јас сум убеден дека и во ВМРО-ДПМНЕ има луѓе кои го разбираат ова многу добро и кои нема да дозволат да бидат заложници на некаква антиевропска политика. Тоа би било лошо за државата, би било лошо и за најголемата опозициска партија. Ние како Влада сме должни да разговараме,да упатуваме повици и тоа ќе го правиме и понатаму. Нам допрва ни следува разговор за уставните измени и не гледам причина да не учествуваат, па дури и ако се против, дури и ако имаат аргументи против, дајте да ги соочиме на маса, нагласи Маричиќ.

Според него, треба да се искористи шансата што ја имаме со отворањето на преговорите. – Времето не може да го вратиме, но може да ја искористиме шансата што сега ја имаме и да бидеме успешна приказна, рече Маричиќ.

Deputy PM for European Affairs Bojan Marichikj met Wednesday with Romania's Special Representative for the Western Balkans, Adrian Davidoiu, discussing North Macedonia's European integration,

Поддршка од страна на Романија за евоинтеграцијата на земјава вчера изрази специјалниот претставник на оваа држава за Западен Балкан, Адриан Давидоју.

-Специјалниот романски пратеник Давидоју го потврди напредокот кој го имаме направено и изрази очекување дека ќе го искористиме позитивниот политички момент, ќе ги направиме уставните измени и ќе продолжиме со преговарачкиот процес, се наведува во соопштението од владиниот Секретаријат за европски прашања за средбата на Давидоју со Маричиќ.

Подготовката на Стратегијата за реформи во правосудството 2023-2027, како и проектите за дигитализација на судството и обвинителството што во голема мера ќе влијае во сузбивањето на корупцијата и злоупотребите, биле меѓу темите на вчерашната средба на министерот за правда Кренар Лога со амбасадорот на Франција Сирил Бомгартнер.

Франција е меѓу најважните пријатели на нашата земја која има клучна улога во многу значајни процеси како што е францускиот предлог со кој ни се врати надежта за отварање на евроинтеграциск

Како што информират од Министерството за правда, амбасадорот Бомгартнер ги поздравил амбициозните планови на министерот за реформи на целокупниот систем во правда и обвинителство и изрази подготвеност Франција да помогне во сите овие процеси со различна помош, вклучувајќи и екпертската.

Тој исто така го оценил како позитивен ангажманот на министерот Кренар Лога за воспоставување дијалог со опозицијата, почнувајќи од изборната реформа и го охрабрил да продолжи со ваквите процеси  кои се битни за евроинтегративниот  пат на земјата.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пак го коментираат Извештајот на Стејт департментот на САД за заштита на човековите права во земјава, кој според нив, зборува за висока корупција во сите ешалони на власта. Во однос на судството, отсуството на судска независност и драстично намалена доверба – најниско измереното ниво на доверба во правосудниот систем од независноста на земјата, односно само четири отсто, велат, само ги покажува вистините кои сите ние ги живееме секој ден.

СДСМ и Зоран Заев избираат послушни обвинители и судии, кои ќе работат за заштита на криминалот и корупцијата. Со промоцијата на лажни концепти, се сака во правосудството да останат само блис

-Извештајот ја лоцира и одговорноста. Екстремно ниската доверба на јавноста во судството се должи на значителна судска корупција, затоа што судиите намерно ги одложуваат судењата или апелационото разгледување за да овозможат стапување на сила на институтот застареност. И за ова не е виновно само правосудството, јасно е дека е виновна Владата, рече прес-конференција секретарот за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на новинарско прашање во однос на најавата на власта за работни групи за уставни измени и дали смета дека тој процес треба да продолжи и го повтори ставот дека уставни измени во овој пратенички состав и во овие околности нема да има.

Tags: Адриан ДавидојуГирЕКЕУЗападен БалканМаричиќ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ