• Latest

Најчевска: Дефинитивно ни треба нов Закон за ЈО, но не на ваков начин

February 10, 2020

Пропаганда под маската на новинарство: OpenAI откри како руски и ирански мрежи манипулирале со медиумите

October 10, 2026

(ИНФОГРАФИК) Банките доминираат на Македонската берза: Пет банкарски акции со над 71 отсто од редовниот промет

October 10, 2026

Шефот на Microsoft AI предупредува: Машините што веруваат дека имаат свест и права може да станат закана за човештвото

October 10, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер за желбата за терор и сценариото за уривање на американската демократија

October 10, 2026
Меморијал во близина на домот на Ана Политовскаја, Москва, 2006 (фото извор: Wikimedia)

„Путин не разбира дека луѓето имаат права“: 20 години од убиството на Ана Политковскаја, нарачателите сè уште непознати

October 9, 2026
Патување низ лавиринтот на европскиот сон (илустрација: ChatGPT / ЦИВИЛ МЕДИА)

Случај Северна Македонија: Земја изгубена во лавиринтот на сопствените блокади

October 9, 2026
Михаил Звинчук

Црна Гора: Приведен Звинчук, шефот на руската пропагандна мрежа „Рибар“

October 9, 2026
Протести во Франција (скриншот / France 24)

Протести во Франција: Образовната криза ги продлабочува судирите меѓу средношколците и власта

October 9, 2026

Банките доминираат на Берзата, каде е остатокот од економијата?

October 9, 2026
фото: ВИ

Државата повторно се задолжи за 150 милиони евра – сметката ќе ја плаќаат граѓаните

October 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Најчевска: Дефинитивно ни треба нов Закон за ЈО, но не на ваков начин

Некако во нашава држава сè се донесува во последен момент, кога ќе речат „а, ова мораме да го донесеме“. Тоа воопшто не значи дека мора навистина да се донесе. Туку, едноставно значи дека специјално чекал да дојде еден таков момент. Специјално ја градел целокупната атмосфера на неопходност и вели „или е црно, или е бело, немаме каде да мрднеме“. Сето ова е на ниво на политички дилетантизам и нема никаква врска со правото, со владеењето на правото и со градењето на државата врз основа на вистински демократски основи, вели Најчевска.

February 10, 2020 11:53
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ
Share on FacebookShare on Twitter

Професорката Мирјана Најчевска смета дека начинот на којшто се носи Законот за Јавно обвинителство, но и речиси сите закони кои се носат со двотретинско мнозинство, во последен миг понатаму се одразува на спроведувањето и траењето на законите. Таа е децидна дека процедурата за донесување на нови закони мора да биде минимум една до две години, а не еден до два месеци, или една недела, или два-три дена.

„Овој Закон требаше да биде донесен многу одамна. Затоа што проблемот со Јавното обвинителство, со несоодветното функционирање, меѓутоа и со изнаоѓањето на модалитет за тоа како да се вклопи она што претставуваше работење на Специјалното јавно обвинителство во редовниот систем и структура на Јавното обвинителство, можеа да се предвидат уште многу порано. Значи, знаевме ние дека ќе дојдеме до оваа ситуација и едноставно требаше во една многу редовна, многу смирена процедура во којашто ќе имаше низа од јавни расправи и тоа со различни структури. Со судии, со јавни обвинители, посебно со експерти, посебно со граѓанските организации и слично, коишто од различна перспектива ќе го дадеа своето мислење и врз основа на чиишто мислења ќе можеше да се изгради соодветен Закон.

Она што најмалку ни требаше е да седнат политички партии, особено претседатели на политички партии да се договараат за Законот. Не требаше тој закон да си влезе во собраниска процедура, Собранието да организира серијал од јавни расправи и врз основа на тоа да биде донесен и најсоодветен закон.

Некако во нашава држава сè се донесува во последен момент, кога ќе речат „а, ова мораме да го донесеме“. Тоа воопшто не значи дека мора навистина да се донесе. Туку, едноставно значи дека специјално чекал да дојде еден таков момент. Специјално ја градел целокупната атмосфера на неопходност и вели „или е црно, или е бело, немаме каде да мрднеме“. Сето ова е на ниво на политички дилетантизам и нема никаква врска со правото, со владеењето на правото и со градењето на државата врз основа на вистински демократски основи.

Јас лично, дури и би била навистина да не се донесе тој закон сега пред изборите, заради тоа што мене ми пречи тоа поставување на работите во последен момент. Сега мора, заради тоа што две ипол години сме спиеле и дошол моментот кога ни викаат од страна дека ако не го донесете нема да може да започне процесот за влез во Европската Унија.

Така исто се случи и со Изборниот законик. Две ипол години воопшто не се спомена промена на Изборниот законик, а сега одеднаш почнаа да се брануваат работите. Така се случува со законите коишто се однесуваат, да речеме, на здравата животна средина и заштитните механизми. Мораме да научиме дека демократијата е бавен процес. Демократијата бара собирање на мислењата од различни структури. Демократијата бара создавање на решенија коишто ќе траат. Ние правиме ад хок решенија, избрзани и моментални решенија. И затоа и не ни траат законите. Ни траат 2 до 3 месеци, па по тие два три месеци мораме да менуваме. Јас бев дури и поборник на тоа да ставиме мораториум на донесување на нови закони додека не научиме дека еден закон без да биде менуван треба да трае минимум две до три години. И дека процедурата за донесување на нови закони мора да биде минимум една до две години, а не еден до два месеци, или една недела, или два-три дена.

Да, јас разбирам дека треба ваков закон. Дефинитивно ни треба нов закон, но не на ваков начин“, смета Најчевска.

М. Ивановска
монтажа: Владимир Перчуклиевски 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ