Професорката Мирјана Најчевска, го осуди порталот Инфомакс како создавач на лажни вести, разгласна станица на ВМРО-ДПМНЕ и дека треба да бидат цел на соодветно санкционирање.
„Прво, Инфомакс не е медиум туку разгласна станица на ВМРО-ДПМНЕ.
Второ, Инфомакс во повеќе наврати и од страна на повеќе субјекти и организации е идентификуван како создавач и пренесувач на лажни вести, дистрибутер на говор на омраза и поттикнувач на омраза и насилство.
Трето, доколку веќе има пресуди против нив токму за ширење на лажни вести мислам дека секое наредно дело треба да се смета како дел од продолжено кривично дело и соодветно да се димензионира и казната.
Во моментов мислам дека против нив не е доволно и не треба да се водат индивидуални постапки туку да се поднесуваат кривични пријави со цел соодветно санкционирање.
И не мислам дека новинарската фела треба да застане во одбрана на злоупотребата на слободата на говорот туку да ја осуди токму со цел заштита на истата таа слобода“, напиша професорката Најчевска на својот Фејсбук прфил.
Како што објави и ЦИВИЛ Медиа, „Инфомакс“ се вбројува меѓу локалните медиумски групи на Западниот Балкан што се означени како проруски, финансирани од Москва и кои се служат со комбинации на теории на заговор и ултранационализам, според Извештајот на Генералниот директорат за надворешни политики на Европската комисија „Стратешки комуникации на ЕУ во борбата против пропагандата“, објавен во 2016 година.
Б. Ј.