Неделата, на 22 октомври, на 16-от ден од војната на Израел против Хамас, ја одбележа „најкрвавата ноќ во Газа“, според палестинската новинска агенција Вафа (Wafa) објави дека во израелските напади во претходните 24 часа биле убиени 400 луѓе. Најмалку 25 израелски воздушни напади се регистрирани врз станбени области.
Дури шеесет и пет отсто од жртвите во текот на ноќта се деца, според болницата Ал Акса во Газа.
Израелската армија тврди дека нападнала повеќе од 320 воени цели во Појасот Газа во текот на ноќта. Најмалку 29 лица се убиени во нападите на Рафа и Кан Јунис, изјавија палестински медицински извори за Ал Џезира.