• Latest

Најнови информации за Избирачкиот список

March 5, 2019
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Најнови информации за Избирачкиот список

March 5, 2019 17:57
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Јавен увид во Избирачкиот список граѓаните ќе имаат заклучно до 14 март. До тогаш проверката ќе можат ја изврашат онлајн на веб страницата на Државната изборна комисија или во некоја од поддрачните канцеларии и одделенија низ целата земја. Согласно законските одредби, ДИК е должна на дневна основа да го ажурира Избирачкиот список, соодветно на пријавите на граѓаните за запишување, бришење или промена на податоците или промена на живелаиште.

Заклучно со 3 март, проверка во Избирачкиот список извршиле вкупно 22,033 граѓани. За 24 граѓани донесено е решение за запишување во ИС, за 23 граѓани решение за бришење, а на 9 граѓани извршена е промена на податоците во ИС. Ниту еден граѓанин при проверката во ИС не ја поништил адресата на живеење.

Со оглед на тоа дека искуството покажува фантомските гласачи најдоборо се лоцираат преку онлајн проверката, ЦИВИЛ и во минатото и во пресрет на претседателските избори оваа година, апелира до граѓаните да пријавуваат неправилности во Избирачкиот список во поддрачните одделенија на ДИК. Исто така, ЦИВИЛ е на располагање на граѓанките и граѓаните за сите видови информации поврзани со изборниот процес, а особено со правото на глас. Воедно, ЦИВИЛ ги повикува засегнатите, да ги пријават неправилностите во Избирачкиот список и во организацијата, на онлајн формуларот за пријава на изборни нерегуларности Слободни избори, по телефон (02/5209 176) или по електронска пошта на monitoring.civil@gmail.com. Многумина веќе се жалат во ЦИВИЛ дека на нивната адреса има фантоми, нешто што ДИК категорично го отфрла.

„Апелиравме до граѓаните да ги подигнат документите, затоа што само во тој момент тие влегуваат во ИС и добиваат право на глас. Но тоа не значи дека во ИС има таканаречени фантоми. Сите се здрави и живи луѓе, фала богу, меѓутоа треба да се потрудиме ние сите, како држава, во наредниот период да направиме некои институционални измени што ќе доведат до регулирање на правата и обврските на граѓаните со цел подобро ажурирање на списокот“, изјави Оливер Деркоски, претседател на ДИК, во интервју за ЦИВИЛ Медиа, што останува и официјален став на комисијата.

Сите информации и поплаки од граѓаните ЦИВИЛ ќе ги достави до релевантните институции.

Биљана Јордановска

Share24TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ