• Latest
Photo by Michal Czyz on Unsplash

НАЈРЕЛЕВАНТНИТЕ ЗА НАЈЖЕШКИТЕ ТЕМИ: Повеќе од 80 лидери, политичари, општественици и експерти говореа специјално за ЦИВИЛ во 2023 година

January 17, 2024

Локални избори, прв круг: ЦИВИЛ со прелиминарна оценка во 21 часот

October 19, 2025
Илустрација ВИ

Излезеноста на локалните избори на ниво на целата држава до 18:30 часот е 46,65 отсто

October 19, 2025

Гласањето заврши без поголеми неправилности, почнува броењето

October 19, 2025
Онлајн прес конференција на ЦИВИЛ во 18 часот, 19 окт. 2025 (фото: Б. Тахири/Фронтлајн)

Прес на ЦИВИЛ во 18 часот: Зголемена активност на партиски активисти, сомнежи за поткуп на гласачи, ЦИВИЛ со остар протест поради попречувањeто на набљудувачите

October 19, 2025
Скриншот од ДИК

ДИК: Излезноста до 17:00 часот на локалните избори изнесува 39,61%, највисока во Вевчани- 61,84 %

October 19, 2025

ЦИВИЛ со порака до избирачките одбори: Важечко е секое гласачко ливче од кое се гледа дека гласачот јасно ја изразил својата волја

October 19, 2025
Фото: Скриншот од видео на
CRUX

Израел го обвини Хамас дека го прекршил примирјето со напади вон договорената линија на повлекување, ИДФ одговори со воздушни напади

October 19, 2025

Втора прес конференција на ЦИВИЛ: Групно гласање, починати лица во избирачки список, непрописно однесување на дел од членови на ИО

October 19, 2025

Излезеноста до 13:00 часот 20,12 отсто, во Скопје 20,07 проценти, најголема во Чашка-40,74 отсто

October 19, 2025

АВМУ: Прекршочни постапки за ТВ Компани 21-М и ТВ Шутел поради прекршување на изборниот молк

October 19, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ

НАЈРЕЛЕВАНТНИТЕ ЗА НАЈЖЕШКИТЕ ТЕМИ: Повеќе од 80 лидери, политичари, општественици и експерти говореа специјално за ЦИВИЛ во 2023 година

January 17, 2024 08:22
in ЕДИТОРИЈАЛ, МЕДИУМИ, ТОП 5, ФОРУМ
Photo by Michal Czyz on Unsplash

Photo by Michal Czyz on Unsplash

Share on FacebookShare on Twitter

Во 2023 година, медиумската платформа на ЦИВИЛ објави повеќе од 100 интервјуа. Специјално за медиумската платформа на ЦИВИЛ говореа повеќе од 80 соговорнички и соговорници. Дел од нив беа ексклузивни, не само за македонскиот медиумски простор, туку и во рамките на Балканот, па и пошироко. За ЦИВИЛ говореа високи државни и владини претставници, генерали, експерти, политичари, новинари, лидери во граѓанското општество – од земјава, регионот и светот.

ЦИВИЛ отсекогаш бил широка платформа за јакнење на општествениот и политичкиот дијалог. Тоа е место каде што ставовите и експертизите се изразуваат детално и во целост, ослободени од потребата за сензационализам, со единствена намера – да откријат што е можно повеќе и тоа да го пренесат на публиката која одговорно, свесно и совесно ги восприема и ги користи информациите и сознанијата.

Начинот на работа и методолошкиот пристап во медиумската продукција, почнувајќи од интервјуата и панел дискусиите, па сè до анализите, извештаите, едукативните текстови и колумните, обезбедува сознанија, патокази и препораки за широката публика, вклучувајќи и голем број носители на одлуки на различни нивоа и области во општеството, политиката, бизнисот, безбедноста и граѓанското општество.

Интервјуата објавени во ЦИВИЛ МЕДИА на македонски (www.civilmedia.mk), албански (www.drejt.mk), англиски (www.civil.today) и на мултилингвалната платформа Зелен ЦИВИЛ (www.greencivil.mk), беа објавени и во голем број други медиуми.

За ЦИВИЛ зборуваат најрелевантните луѓе на најжешките теми на денешницата, за земјата, регионот, светот, за руската воена агресија против Украина, за хибридната војна на Кремљ против демократскиот Запад, за дезинформациите, пропагандата, руското малигно влијание, изборите, медиумите, новите технологии, зелените агенди и одржливата економија, човековите права и слободи, мултикултурализмот и меѓуетничките односи, евроатлантските интеграции и социјалните политики. И низа други теми. Едноставно, ЦИВИЛ ги поставува и оние прашања за темите што другите сакаат да ги скријат, премолчат или заборават дека постојат.

Најголем дел од интервјуата што ги прави здружената редакција на ЦИВИЛ се во видео формат. Редакцијата, со скромни ресурси, успева да направи солидна видео продукција, но и со макотрпна работа, да направи транскрипција и соодветно уредување и да ѝ ги понуди на публиката во различни формати, соодветно на нејзините навики, потреби и услови во кои ги консумира медиумските содржини.

Во овој преглед, објавуваме 55 наслови и линкови кои се само дел од ексклузивните интервјуа за медиумската платформа на ЦИВИЛ. Редакцијата препорачува линкот до оваа содржина да се сочува и да се користи како ресурс во иднина. Редоследот е повеќе или помалку, хронолошки, од најновото интервју до едно од најстарите.

Исмет Рамадани: Го препливавме морето, а сакаме да се удавиме во реката (интервјуто е направено на крајот на 2023, објавено на почетокот на 2024)

Сефер Тахири: Дезинформациите може да влијаат врз политичката волја на гласачите; одредени групации на пропагандните наративи им додаваат етничка боја

Трајан Гоцевски: Нужен е ЕУ консензус

Арбен Таравари: Состојбата во Македонија е безнадежна и депресивна; би сакал, по изборите, да имаме Влада која ќе го продолжи одот кон ЕУ

Димитар Ковачевски: Јас ќе ја составам следната Влада која ќе го обезбеди членството на Северна Македонија во Европската Унија

Башким Селмани: Граѓаните преку читање и ширење непроверени информации стануваат двојни жртви на дезинформации

Едвард Џозеф: Црната листа на САД опфаќа политичари и ова е порака, паметните политичари би требале да сфатат, сега пред најавените изборите

Ели Пешева: Постојано треба да е вклучен алармот дека животната средина е врвен приоритет, економијата ни страда од загадувањето

Бојан Маричиќ: Национализмот е силна страна на слабите политички опции!

Драган Секуловски: Зелените теми не се доволно застапени во медиумите, потребен е нивен едукативен пристап за кревање на јавнат свест за зелените прашања

Ветон Сурои (1): Западен Балкан сè уште е во зона на недовршен конфликт

Ветон Сурои (2): Формирањето на „Ветевендосје“ во Албанија и Северна Македонија не е добар рецепт за добрососедство

Талат Џафери: Апелирам, сите да рефлектираат за потребата и интересот на државата и на граѓаните

Билјана Георгиевска: Со спротивставување на дезинформациите се промовираат вредностите за кои сме определени веќе триесет години

Едвард Џозеф: Најдобар начин да се реши корупцијата е евроинтеграцијата

Насер Селмани: Инцидентот во Канал 5 не ме чуди, медиумскиот простор сѐ уште служи како огласна табла на партиите

Гоце Серафимов: Државата поседува капацитети, но потребна е политичка волја за да се спроведе зелената агенда

Димитар Николовски: За граѓаните ЕУ е најдобра алтернатива, стравот од губење на идентитетот е зачинет со дезинформации

Огнен Марина: Постои граѓански консензус за зелените прашања, политичкиот фокус е насочен кон други наративи

Љубомир Фрчкоски (1): Ако успееше тајната операција „Опера“ на КОС, за државен удар во Југославија и квислиншка влада во Македонија, нас ќе нè пратеа в затвор

Љубомир Фрчкоски (2): Македонскиот устав го издржа тестот на времето, обезбедува широка рамка за почитување на човековите права и слободи

Каја Шукова: Животна средина е едно од најскапите поглавја за која се потребни многу финансиски средства

Бујар Османи: Украина останува во фокусот на вниманието

Јевген Перебијнис: Поддржете ја Украина, останете на вистинската страна на историјата

Бујар Османи: НАТО е прва доза на вакцината, а ЕУ е втората, за комплетен имунитет од малигни влијанија ни требаат двете дози

Бујар Османи: Во Украина се води битка меѓу демократијата и авторитаризмот, од исходот зависи мирот и стабилноста во светот во децениите што доаѓаат

Моника Зајкова: Македонија е лидер на Балканот во развојот на мултиетничкото општество

Фердинанд Никола: Премиерот Курти и претседателот Вучиќ ја имаат крајната одговорност да најдат трајно решение за тензиите меѓу Косово и Србија

Стево Пендаровски: Бугарија не може да диктира Европска рамка, наративот на опозицијата е спротивен од македонските државни интереси

Оливер Андонов: Доколку не ги поддржиме уставните измени и не ги откочиме пристапните процеси, Македонија ќе банкротира за три месеци

Бојан Маричиќ: Уставните измени значат стабилност и брзо членство во ЕУ – не е време за популизам, туку за државнички одлуки кои нѐ движат напред

Вадим Скибицкиј од военото разузнавање на Украина, за украинската офанзива, руската воено-пропагандната машинерија, шансите за атомска војна и мрачната иднина на руската држава

Оливер Спасовски: Намалувањето на компјутерскиот криминал е резултат на намалување на кривичните дела со платежните картички

Оливер Спасовски: Криминалот не може да биде посилен од државата, тоа не било и нема да се случи

Јовица Стојановиќ: Имаме поддршка од Владата за вработување на 100 нови затворски полицајци и над 23 милиони евра за изградба и реконструкција на КПД „Идризово“

Арбен Таравари: Алијанса е алтернативата која Aлбанците ја гледаат како партија што треба да ја смени ДУИ

Славјанка Петровска: Украина ќе стане членка на НАТО, но приоритет е победата на Украина

Лариса Дир: Украина треба да стане членка на НАТО, водството на рф мора да одговара за злосторствата

Филип Донкел: Сега е моментот Северна Македонија да продожи да ја споделува својата сила и моќ да оди напред кон ЕУ

Мина Џек Толу: Говорот на омраза и насилството со сé повеќе координирани напади на ЛГБТКИА заедницата се гледа ширум Европа

Олександр Урбанович: Разнесувањето на Каховската брана е крволочен чин со кој руските агресори уште еднаш докажаа дека нивна цел е уништување на сѐ што е Украина и украинско

Енди Јен: Хибридните закани се предизвик не само за македонската полиција, туку и за властите на САД, Велика Британија и Швајцарија

Олександр Мережко: Не е прашање дали, туку кога ќе станеме членка на ЕУ и НАТО, ние ѝ припаѓаме на Европа, нашиот морал е висок, ќе победиме!

Мира Костиќ: „Крвавиот четврток” ќе остане црна дамка во практикувањето на парламентаризмот

Сотир Костов: Политичките лидери се „султан-паши“ кои не им даваат доволно простор на нивните подмладоци

Цане Мојановски: Младите во партија прво ги прашуваат „чиј си“

Астрит Истрефи: Со судењето на лидерите на ОВК ѝ се суди на борбата на човештвото за слобода

Каја Шукова: ЕУ скринингот ќе ги покаже недостатоците, но потребен е заеднички напор во нивно надминување и за заштита на животната средина

Марина Тунева: Со навремени информации на институциите да се спречат дезинформациите

Игор Бандовиќ: Средбата Вучиќ – Курти е добра основа за нормализирање на односите, но не смее да застане тука

Астрит Истрефи: Потребни ни се храбри лидери кои склучуваат договори затоа што сакаат, а не затоа што мораат

Марјан Забрчанец: Средбата Вучиќ – Курти во Охрид, инвестиција во мирот на Балканот и во забрзување на заедничкиот европски напредок

Бојан Маричиќ: Треба да ни бидат во интерес Уставните измени, за да направиме дистинкција помеѓу македонскиот народ и Бугарите

Астрит Истрефи: Важно е да има договор за успешно завршување на дијалогот меѓу Косово и Србија започнат во 2011 година

Роберт Алаѓозовски: 2023 ќе биде предизвикувачка, но ќе ги потврди заложбите за едно општество за сите

Вовед и подготовка: Џабир Дерала


ПРОЧИТАЈТЕ И: 

(ИЗБОР) ЦИВИЛ интервјуа 2023

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    164 shares
    Share 66 Tweet 41
  • Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    163 shares
    Share 65 Tweet 41
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ