• Latest
Астрит Истрефи, Извршен директор, Балкан Форум (фото: ЦИВИЛ)

Истрефи, Балкан Форум: Потребни ни се храбри лидери кои склучуваат договори затоа што сакаат, а не затоа што мораат

March 20, 2023

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Демократијата бара консензус во интерес на граѓаните, не изборен инженеринг

July 3, 2026
© Press Service Of The President Of Ukraine / YPV.2026 (преземена од Фејзбук профилот на украинскиот претседател Володимир Зеленски)

Најмалку 27 загинати во масовниот напад врз Кијив, ЕУ со нови санкции против Русија

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Политичка битка за Изборниот законик: Електронското гласање за дијаспората ја продлабочува кризата околу изборните реформи

July 3, 2026

Сите засравме сѐ

July 2, 2026

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Истрефи, Балкан Форум: Потребни ни се храбри лидери кои склучуваат договори затоа што сакаат, а не затоа што мораат

March 20, 2023 07:41
in ИНТЕРВЈУ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН, ТОП 5
Астрит Истрефи, Извршен директор, Балкан Форум (фото: ЦИВИЛ)

Астрит Истрефи, Извршен директор, Балкан Форум (фото: ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

Во пресрет на критичната средба на највисоко ниво меѓу премиерот на Република Косово, Албин Курти и претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, очекувањата, надежите и стравувањата беа високи. Редакцијата ЦИВИЛ Медиа, во соработка со своите извори и експертите кои редовно пишуваат за најважните прашања, настани и процеси во земјата и во светот, објави низа прилози и одлични прогнози и анализи на состојбите.

Пред средбата беа објавени голем број изјави на домашни, регионални и европски аналитичари, новинари и политичари, меѓу кои и македонскиот премиер Димитар Ковачевски, Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, ЕУ комесарот Жосеп Борел, националниот координатор Марјан Забрчанец, новинарите Жељко Шајн и Еуген Сарачини и многу други. Меѓу другите, анализата на Љубомир Костовски, под наслов „Белење“ на бриселскиот договор на Билјанините Извори ги откри главните карактеристики на признавањето на една држава – имплицитно и експлицитно, заклучувајќи дека Србија имплицитно веќе го признала Косово.

Политичкиот аналитичар и првиот човек на тинк-тенк организацијата Балкан Форум, Астрит Истрефи, беше еден од соговорниците на ЦИВИЛ Медиа во пресрет на средбата Вучиќ – Курти. Тој, меѓу другото, во видео интервјуто направено во Приштина на 13 март, објавено под наслов Важно е да има договор за дијалогот меѓу Косово и Србија започнат во 2011 година, прогнозираше дека во Охрид нема да се потпише никаков договор, но дека средбата има големо значење. Според него, „важно е двајцата лидери да се сретнат, за да се воспостави патот до имплементација“, како и тоа дека средбата во Охрид не се организира за да се разговара за Договорот за нормализација, туку за чекорите за имплементација. Така и беше.

Ден по завршувањето на средбата меѓу лидерите на Косово и Србија, со посредство на европските олеснувачи, направивме уште едно (онлајн) интервју со Истрефи, во кое побаравме да го коментира исходот од овој настан, Анексот за имплементација, како и перспективите на процесот започнат во 2011 година. Нашиот соговорник прави одлична поента, велејќи дека е потребно лидерство, визија и храброст за процесите да бидат навистина успешни.

ЦИВИЛ МЕДИА: Кој е вашиот коментар за Анексот за имплементација договорен на средбата меѓу Косово и Србија на 18 март во Охрид?

АСТРИТ ИСТРЕФИ: Договорот постигнат на 18 март 2023 година во Охрид, Северна Македонија, меѓу Србија и Косово за Анексот за имплементација на Договорот од 27 февруари 2023 година, е токму пораката што на двете земји, Европа и светот очајно им е потребна во овие тешки времиња.

Договорот е од исклучително висока важност за намалување на зголемените тензии меѓу Косово и Србија.

Тој ги поставува условите за ублажување на реториката за генерирање конфликти на српскиот претседател Вучиќ и на косовскиот премиер Курти, како што беше потврдено во нивните соодветни говори веднаш по објавувањето дека е постигнат договор.

Понатаму, се надеваме дека со постигнувањето на овој договор, лидерите на Косово и Србија конечно ја научија суштинската лекција дека зборовите, гестовите, симболиката и ставовите се важни и носат страшни последици, особено во овој клучен геополитички момент во светската историја кога се обликува нашата иднина.

ЦИВИЛ МЕДИА: Дали гледате слабости во Договорот и Анексот и кои би биле тие?

АСТРИТ ИСТРЕФИ: Договорот постигнат на 27 февруари и Анексот за имплементација договорен на 18 март уште еднаш открија една голема слабост. Уште еднаш се докажа дека она што им треба на двете земји и народи не се силни лидери како Вучиќ и Курти, ниту „тиранија на мнозинството“.

Трансформацијата на конфликтите и трајниот мир може да се постигнат само со визионери и храбри лидери кои склучуваат договори затоа што сакаат, а не затоа што мораат или затоа што така треба.

Охрид беше уште еден пример дека Вучиќ и Курти не се такви лидери. Тие не постигнаа договори водени од нивните вистински верувања, визија и храброст дека прекинувањето на циклусот на вековни непријателства, омраза и гледање меѓусебно низ нишан е од огромно значење. Според нив, тие биле под „огромен притисок од меѓународната заедница“ и така постапиле поради страв од можни последици – не поради мудроста или стремежот да се постигне долготраен мир. Единствениот придонес од таквите лидери за нивните народи е долготраен конфликт кој никогаш не завршува.

ЦИВИЛ МЕДИА: Тогаш, кое би било решението?

АСТРИТ ИСТРЕФИ: Народите и на Косово и на Србија треба да бараат лидери кои ќе се осмелат да сонуваат како германскиот Аденауер и францускиот Де Гол, или барем да размислуваат како Заев од Северна Македонија.

Џ. Дерала

Tags: ВучиќЕУКосовоКуртинормализацијаСрбија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ