Во серијалот на ЦИВИЛ – „Таргет млади“ разговараме со аналитичарот Сотир Костов.
На кој начин пред сè македонските и албанските политичките партии ги таргетрираат младите да се вклучат во политиката? Дали младите стануваат дел од политичките подмладоци поради идеологија или заради личен бенефит и профит? Дали се слуша гласот на младите во политичките партии? Дали младите имаат храброст да се спротивстават и да не се согласуваат со ставот и политиките на лидерот на партијата? Со што ги „хранат“ младите во политичките кругови? Што е тоа што ги тера младите да заминат од државата?
„Политичката култура се уште ни е по матрицата на социјализмот и комунизмот, немаме демократска политичка култура каде што младите се есенкцијата на денешницата и иднината…“, вели Костов.
Дехран Муратов
камера и фотографија: Александар Ризински
монтажа: Ариан Мехмети