• Latest

Интервју со Зајкова: Македонија е лидер на Балканот во развојот на мултиетничкото општество

October 5, 2023

И на пазарот има мода

May 14, 2026

Инцидент со украински поморски дрон кај Лефкада ја вознемири Атина: истрага и дипломатски тензии

May 14, 2026

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: ЕУ бара реформи, но дали владата на Мицкоски има капацитет да ги спроведе?

May 14, 2026
Илустрација ВИ

Цените на нафтата стабилизирани по дипломатските сигнали од Вашингтон и Техеран

May 14, 2026
Кијив, 14 мај 2026 (извор: ДСНС)

Државата-терорист продолжи со терор врз цивилите во Украина: Стотици руски дронови и ракети, Кијив под најсилен удар

May 14, 2026
Фотографија: Скриншот од видео на Гардијан

Трамп и Си Џинпинг во Пекинг: Договори за економија, тензии околу Тајван

May 14, 2026

Случајот „ТЕЦ Неготино“: политички интервенции и валкана медиумска совест

May 14, 2026
Черкаска област, 13 мај 2026 (извор: ДСНС)

Масовен руски напад врз Украина: Над 800 дронови, цивилни жртви и удари врз инфраструктура во повеќе региони

May 13, 2026

Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

May 13, 2026

ЦИВИЛ бара студентите привремено да бидат сместени во хотели додека се санираат студентските домови

May 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ

    Инцидент со украински поморски дрон кај Лефкада ја вознемири Атина: истрага и дипломатски тензии

    ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: ЕУ бара реформи, но дали владата на Мицкоски има капацитет да ги спроведе?

    Илустрација ВИ

    Цените на нафтата стабилизирани по дипломатските сигнали од Вашингтон и Техеран

    Кијив, 14 мај 2026 (извор: ДСНС)

    Државата-терорист продолжи со терор врз цивилите во Украина: Стотици руски дронови и ракети, Кијив под најсилен удар

    Фотографија: Скриншот од видео на Гардијан

    Трамп и Си Џинпинг во Пекинг: Договори за економија, тензии околу Тајван

    Черкаска област, 13 мај 2026 (извор: ДСНС)

    Масовен руски напад врз Украина: Над 800 дронови, цивилни жртви и удари врз инфраструктура во повеќе региони

    ЦИВИЛ бара студентите привремено да бидат сместени во хотели додека се санираат студентските домови

    СКАНДАЛ: Студентски стандард – стаорци, студени тушеви, нефункционални лифтови, неисплатени стипендии

    ЦИВИЛ: Студентските домови не смеат да бидат симбол на државна негрижа

    Харкив, 12 мај 2026 (извор: ДСНС Украина)

    РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИ: Кремљ ја прекина „делумната тишина“ со нови напади врз Украина: Над 200 дронови, погодена цивилна инфраструктура, Кијив бара засилен притисок врз Кремљ

  • ПОЛИТИКА
    • All
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Реакции - идентитет

    РЕАКЦИИ: ЕУ значи контрола и крај на корупцијата, ама ЕУ е и закана за националниот идентитет – граѓаните поделени за уставните измени

    Дипломатски тензии меѓу Скопје и Софија по средбата во Брисел: Идентитетот повторно во фокус

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • All
    • ИСТОРИЈА

    РЕАКЦИИ: Камерите не воспитуваат – сообраќајната култура и натаму на нула

    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • All
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • КОМПАС
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА

    И на пазарот има мода

    Случајот „ТЕЦ Неготино“: политички интервенции и валкана медиумска совест

    Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

    За меѓународните напори за враќање на незаконски депортираните Украински деца од страна на Русија

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

    Да зборуваме за она што најчесто се премолчува на овој ден на мајките

    Не e  прашањето дали ќе има избори – вистинското прашање е – какви ќе бидат тие избори

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Браво мајсторе!

    Москва, 23 август 1939 година | Советскиот министер за надворешни работи Вјачеслав Молотов го потпишува Пактот за ненапаѓање. Зад него стојат Јосиф Сталин и германскиот министер за надворешни работи Јоаким фон Рибентроп.

    Крвното братство што тие сакаат светот да го заборави

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Интервју со Зајкова: Македонија е лидер на Балканот во развојот на мултиетничкото општество

October 5, 2023 18:34
in ВЕСТИ, ИНТЕРВЈУ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Сите сме граѓани на оваа земја и сите нè засега во какви услови ќе живееме и во какво општество ќе живееме. Македонија е лидер на Балканот во развојот на мултиетничкото општество, мултиетничката култура и тоа така треба да остане и сите заедно треба да се залагаме без условувања да го продолжиме овој пат сега кој што ни претстои. Замислете ако сите почнеме да поставуваме различни услови. Знаете како, и ЛДП има безброј услови кои што се однесуваат на промени на Уставот. Меѓутоа, сега не е време да нашите партиски идеологии и визии ги истакнуваме кога државата е испречена пред сериозен предизвик како ќе продолжи понатаму“, вели во интервју за Фронтлајн и ЦИВИЛ Медиа, Моника Зајкова – претседателка и пратеничка на Либерално – демократската партија (ЛДП).

Таа вели дека досега сите партии сè јасно изјаснети дека целта им е Европска унија, и дека ќе ја радува да немаме веќе поделба на фронтови, но заедно да се застане зад иста цел, односно целта којашто е во интерес на државата и на секој граѓанин.

„Меѓутоа, кога гледате дека сами се блокираме од внатре, некако се диференцираат ваквите, нели, како што вие ги нарекувате Европски фронт, или фронт којшто е против Европа. Јас не верувам дека и тие се против Европа и затоа не знам од кои причини и побуди се кочи целиот процес, затоа што освојувањето на дневно политички поени на сметка на државните интереси е многу лоша игра“, нагласи Зајкова.

Запрашана за можни коалиции со партии од различна етничка припадност, Зајкова со одговор дека ЛДП е партија во центарот и во делот на нејзините политики се води од тоа дека со кои партии би се усогласиле со тие може да коалицират.

„Либерализмот ги става на пиедестал високо човековите права, слободата, еднаквоста, правосудниот систем… оттука со кои партии се гледаме заеднички дека можеме да испорачуваме конкретни мерки за граѓаните, така и би се позиционирале“, потенцира Зајкова.

Таа во интервјуто зборува и за легализација на махриуханата и легализација на проституцијата.

Единствена пречка за иднината на Северна Македонија во ЕУ се Уставните измени. Очекувате ли да се постигне политички компромис за оваа пречка?

Зајкова: Повеќе не е прашање што Моника Зајкова ќе очекува или што другите политичари ќе очекуваат, туку е во прашање иднината на државата, односно по кој пат ќе продолжи да се движи Македонија. Доколку сите сме согласни дека сакаме Македонија да ја видиме како рамноправна членка во Европската унија, тогаш сите заедно треба да учествуваме во процесот и да ја исполниме целта која што си ја посакуваме. Сега за првпат имаме можност без политичка одлука земјата да може да ги отпочне преговорите. Јас искрено се надевам дека секој политичар, бидејќи тие ја носат одлуката во Парламентот, ќе ја препознае шансата и ќе даде зелено светло да се продолжи овој пат, затоа што не сакам да се доведеме во состојба во којашто ќе останеме со оние земји кои што не преговараат. Знаете, Србија веќе е во текот на преговори, Албанија ќе започне да ги води преговорите, Црна Гора преговара, се надевам дека Македонија ќе биде во друштво со овие земји.

Освен ВМРО-ДПМНЕ, Уставните измени сега ги условува и албанската опозиција. Каде е решението? Дали изборите се решение?

Зајкова: Сите сме граѓани на оваа земја и сите нè засега во какви услови ќе живееме и во какво општество ќе живееме. Македонија е лидер на Балканот во развојот на мултиетничкото општество, мултиетничката култура и тоа така треба и да остане и сите заедно треба да се залагаме без условувања да го продолжиме овој пат сега кој што ни претстои. Замислете ако сите почнеме да поставуваме различни услови. Знаете како, и ЛДП има безброј услови кои што се однесуваат на промени на Уставот. Меѓутоа, сега не е време нашите партиски идеологии и визии да ги истакнуваме кога државата е испречена пред сериозен предизвик како ќе продолжи понатаму. Не гледам што би промениле изборите, освен што би се потрошиле буџетски средства, затоа што после изборите сигурно нема некој да ни даде магично стапче и да ни ги реши сите проблеми. Исто како и во едно семејство или во еден бизнис, при секој проблем не го растурате бизнисот, значи гледате начин како да го решите истото, а така и сега. Доста веќе само трчавме од избори во избори, а гледаме дека работите до секој изборен циклус како да тапкаат во место и да не така лесно се менуваат.

Веќе подолго време во Северна Македонија се зборува за два политички блока, Фронтот за Европа од една страна и оној што се противи на уставните измени од друга. Како го замислувате „Фронтот за Европа“?

Зајкова: Мислам дека досега сите партии сè јасно изјаснети дека целта им е Европска унија, и мене ќе ме радува да немаме веќе поделба на фронтови, но заедно да застанеме зад иста цел, односно целта којашто е во интерес на оваа држава и на секој граѓанин. Меѓутоа, кога гледате дека сами се блокираме од внатре, некако се диференцираат ваквите нели, како што вие ги нарекувате Европски фронт, или фронт којшто е против Европа. Јас не верувам дека и тие се против Европа и затоа не знам од кои причини и побуди се кочи целиот процес, затоа што освојувањето на дневно политички поени на сметка на државните интереси е многу лоша игра.

Тој Европски фронт, веројатно по природата на нештата ќе се издиференцира по однос на тоа кои партии навистина сакаат да се качат на брзиот воз на Европа, а кои партии не нудат никакво решение, бидејќи ние не гледаме други решенија, не гледаме алтернативи или други понуди, што значи дека, дали тоа значи дека би останале уште 17 години во чекалната. Тука веќе e прашањето дали сакаме брза интеграција или сакаме да чекаме и да тапкаме во место.

Притоа треба да знаеме дека секој ден чекање и тапкање во место нè кошта огромен одлив на граѓани надвор, коишто својата иднина jа градат во поперспективни европски држави, затоа што ние не гледаме граѓани кои што се иселуваат надвор од европскиот континент, но одат во поразвиените европски држави што на долг рок може многу да ја чини државата, затоа што ние еве, може условно да кажеме дека можеме без Европската унија, можеме и без НАТО, но не можеме без граѓаните. Граѓаните се тие кои што сочинуваат една држава. Ако тие секојдневно заминуваат, не гледајќи тука сигурна иднина, тогаш навистина одговорноста ја имаме сите како ќе ги движиме работите.

Вашата партија во политичките кругови се споменуваше како иден партнер на ДУИ. Можеме ли да ги видиме ЛДП и ДУИ, односно Зајкова и Ахмети како коалициски партнери на наредните парламентарни избори?

Зајкова: ЛДП е самостоен политички субјект и врз основа на проценките кои што се работат во партијата, но и одлуките коишто ги носат органите на партијата, ЛДП ќе одлучи дали ќе настапува самостојно на претстојните парламентарни избори или дали ќе оди во некоја коалиција и во какви коалиции ќе оди. Сепак кога се коалицира се води сметка за тоа да програмските определби бидат отприлика тука усогласен. Се случувало некогаш во една коалиција да постојат и дијаметрално спротивни ставови по одредени решенија, меѓутоа генерално, програмата се базирала на заеднички договор, зашто не можеме сами да коалицираме со некој којшто нема да прифати ништо од нашите темелни одредници, односно одредниците на либерализмот којшто почиваат на слободата, човековите права, еднаквоста.

Фронт за Европа, со СДСМ или без СДСМ?

Зајкова: Веројатно СДСМ треба да биде дел од тој фронт, бидејќи тие се моментално нели мнозинство во Владата и сите заедно го туркаме процесот, меѓутоа знаеме од каде доаѓаат претседателот на Владата, поголем дел од министрите, така што не верувам дека СДСМ би останале изземени од тој фронт.

Не, имаше идеја дека иницијативата на Ахмети кога ја пласираше за Европски фронт, дека во тој фронт без СДСМ, со ДУИ на чело ќе се вклучи и ЛДП и неколку помали партии на Македонците?

Знаете тоа е многу рано да се шпекулира и затоа сè уште не се водени разговори. Рзговорите за коалиции, веројатно ќе престојат пред распишување на изборите и не може да прејудицираме ние за било какви фронтови. Сепак сите сме самостојни политички субјекти. Врз основа на тоа како ќе одлучуваме внатре во рамки на органите на партиите, веројатно така и би се позиционирале.

Дали етнички мешана коалиција би била добитна комбинација на следни парламентарни избори?

Зајкова: Ние сме партија во центарот и во делот на нашите политики со кои партии би се усогласиле со тие можеме да коалицираме. Либерализмот ги става на пиедестал високо човековите права, слободата, еднаквоста, правосудниот систем, оттука со кои партии се гледаме заеднички дека можеме да испорачуваме конкретни мерки за граѓаните, така и би се позиционирале.

2017 покажа дека етничко мешаните коалиции може да бидат добитна комбинација, дали во една таква коалиција верувате на следните парламентарни избори дека може да биде победник на изборите?

Зајкова: Јас сум либерал демократ, јас не познавам етнички мешан. Мислам дека сите сме еднакви граѓани на земјава и дека веќе треба да зборуваме за квалитет и за она што ќе го понудиме до граѓаните, без оглед на тоа од која религија, вера, пол, раса припаѓаме, значи сите сме заедно во ова, сите заедно го чиниме општеството и не треба да се гледа на тоа дали етнички мешана коалиција или не. Сите сме исти, сите сме еднакви. Треба да гледаме веќе квалитетот којшто таа коалиција ќе го понуди, односно квалитетните решенија кои што ќе значат подобар систем, враќање на довербата на граѓаните во системот и поквалитетен животен стандард.

Следната година се претседателските избори. Како ќе настапи ЛДП на тие избори?

Зајкова: Сè уште е рано, сè уште се прави проценка. Знаете дека за претседателските избори е потребен и висок цензус на излезеност, сепак, како ќе процени внатре централниот одбор, како одбор кој што е највисоко тело помеѓу двата конгреси, така и ќе настапиме. Во случај да се одлучиме за сами секако дека секогаш имаме луѓе кои што со својот квалитет можат да бидат добри кандидати и добро да ја вршат претседателската функција.

За спречување и заштита од дискриминација се зборува долго време. Кои се клучните прашања во овој домен? Дали партиите и институциите прават доволно за заштитата од дискриминација?

Зајкова: Ние направивме чекор напред со носење на законот за дискриминација со коjшто се проширија основите на дискриминацијата, но и сега комисијата, можеме да видиме дека има повеќе претставки, повеќе постапува во однос на она што, како статистика сме го имале во минатото. Сепак, во секојдневниот живот и тоа како граѓаните се соочуваат со дискриминација по различни основи и пред институциите, но и во секојдневието. И додека не го смениме менталитетот, како да кажам, менталитетот условно кажано да престанеме да стигматизираме и да гледаме со стеротипи на различни појави, секогаш дискриминацијата ќе постои. Дискриминација постои во најразвиените држави. Тоа не е нешто што така лесно се сузбива, но барем да се намали истата е тенденцијата и затоа и се носеа низа закони, иако треба уште многу да се прави во оваа област.

Тема во земјава е и легализацијата на марихуаната за медицинска употреба, како и легализацијата на проституцијата. Кој е вашиот и пристапот на ЛДП кон овие теми?

Зајкова: Легализација на канабисот за медицински цели имаше обид да се направи. Такво законско решение постои, меѓутоа не ги дава своите ефекти затоа што беше донесено пребрзо и некако популистички. А, инаку ЛДП се залага за легализација на канабисот и за рекреативна употреба, а не само за медицинска употреба, затоа што не можеме веќе да бидеме неми и слепи на сето она што нè опкружува и не гледам како регулацијата на одредена област може да штети на општеството. Истото се однесува и на легализацијата на проституцијата. Сите земји ги направиле овие чекори затоа што процениле дека единствен бенефит има државата, а со тоа и се сузбива црниот пазар, се сузбива криминалитетот и низа други негативни појави, а единствено можат да има бенефит и да имате посреќни граѓани.

Од самиот почеток, Вие бевте една од ретките политичарки кои јасно, гласно и недвосмислено ја изразивте поддршката за Украина, земјата жртва на бруталната руска агресија. Која е Вашата порака сега, повеќе од една и пол година од почетокот на целосната руска инвазија?

Зајкова: Точно. Жестоко ја осудивме агресијата и бевме носители на декларација за заштита на суверенитетот на Украина, бидејќи ниедна држава не смее да си дозволи да го прекршува меѓународното право. Знаете, кога еднаш ќе се прекрши меѓународната норма, после многу e тешко од системот на поредок да докажете дека не може да завладее самоволието. Најжестоко го осудувам и сметам дека навистина е крајно време таквата војна да престане, затоа што секојдневно сведочиме на голем број на жртви, на невини луѓе и тоа во 21 век е недозволиво. Во век кога зборуваме за мир, кога зборуваме за алијанси на стабилност, не дозволиво е земја во срцето на Европа секојдневно да се бори со предизвикот да го зачува својот суверенитет. Додека ние тука денеска разговараме за различни теми, луѓето во Украина се борат да преживеат, и тоа е навистина жалосно. Како Собрание ни претстојат уште низа на акти кои што можеме да ги донесеме, за кои што јас ќе се залагам да бидат донесени, но сепак не е само пишаното на хартија, туку треба да се покаже волја цврсто да се застане на страната на мирот и најостро да се осуди руската агресија и она што го прави поединец во Русија, затоа што тука директно сметам дека е само чин на нечиви желби и амбиции за моќ и доминантност.

Што мислите за донесување на Закон за Амнестија?

Зајкова: Пенологијата е цела наука и пенолошките мерки и ресоцијализацијата на затворениците, се одредуваат од држава во држава. Овој Закон за амнестија, се пушта со цел, нели, да се релаксираат условите во затворите.

Денеска законот влезе во Собранието и нормално дека како и за низа други законски решенија коишто се од поголем карактер, ќе заседаваме прво на ниво на Извршниот одбор, а потоа и со насоки до Централниот одбор. Иако лично не сум за амнестии и сметам дека постојат низа други форми во пенологијата со коишто може да се ресоцијализираат затворениците. Иако, остро може да ги осудиме условите во кои што седат, нели, во затворскиот систем, сега тоа е сепак, ако разговарате со пенолози, некои ќе ви кажат дека полошите услови, порестриктивните казни даваат подобар третман. Сепак, ние сме 21 век и мислам дека за една ресоцијализација, зачувување на менталното здравје на затвореникот дека има и низа други методи. Пробацијата е тука исто така, како поим кој што може да се користи. Сепак да се навратам на законот, ќе биде разгледуван од страна на Извршниот одбор и ќе заземеме конечен став. Иако во минатото сите закони за амнестија кои што доаѓале, сепак ЛДП била воздржана, односно не гласала никако, затоа што се коси со нашата политика за тоа дека секој треба да одговара за она што го сторил, односно да постои индивидуална одговорност. Доста е веќе со таа нели колективна одговорност за да ја сокриеме индивидуалната неспособност или индивидуалните грешки.

Што мислите за измените на Кривичниот законик

Зајкова: Јас искрено имав дилеми по однос на Кривичниот законик и моите дилеми ги искажав бидејќи ЛДП е подносител на други измени на Кривичен законик, коишто сè уште стојат во комисијата за политички систем, а се однесуваат на подигнување на застареноста на кривичните дела од триесеттата глава. Нашиот поранешен премиер, господинот Груевски, се терети по низа дела, и не мислам дека само со овие измени за коишто јас лично имав дилеми, не ги поддржав, дека би се вратил во игра.

Сепак, во политиката сè може да се случи и во такви игри и комбинации не учествувам, бидејќи сметам дека нема да придонесат нешто плус за државата, но еве ако некој направил проценка дека постојат такви, не знам, игри кои јас не можам да ги видам и да ги приметам, тогаш нека им е со среќа.

Уставни измени пред или по парламентарни избори?

Зајкова: Здраво за државата е да се случат пред изборите затоа што билатералниот скрининг завршува во ноември и добро е веднаш да го фатиме тој континуитет и да го продолжиме тој европски пат. Не смее изборите да го блокираат европскиот пат на државата и не смее да дозволиме некој на име на европскиот пат да гради лични политички поени или да гради некаков си рејтинг врз основа на популизам, којшто популизам гледаме до каде нè доведе, односно од популистички решенија 30 години затоа денеска сведочиме на ваков систем, на вакви случувања и наместо да бидеме рамо до рамо во Европската унија со Хрватска, ние оставивме да чекаме години години да поминат и да добиваме се понеповолни понуди за државата. А, ако некој е толку уверен дека може нешто подобро да испреговара, никој не го спречува и сега да се вклучи во помош, бидејќи оваа држава е на сите. Не е оваа држава само на ЛДП, или на СДСМ, или на ВМРО, туку е на сите и кога станува збор за патот на државата и за доброто на граѓаните, сите треба заеднички да работат.

Треба да ја убедиме ВМРО-ДПМНЕ или да рефлектира?

Зајкова: Па, не мислам дека треба некого да убедуваме, таму се сите возрасни луѓе, и сите треба да носат одлуки согласно тоа како ја гледаат државата и каква визија имаат за општеството во коешто сакаат да живеат. Инаку, можеме да се убедуваме секој ден од сабајле до вечер, ако некој оди со главата во ѕид и го интересира единствено сопствената кариера и како да стигне до функција, тогаш ништо нема да направиме.

Разговорот го водеше: Дестан Јонузи

Камера и монтажа: Ариан Мехмети

Фотографија: Ангел Ангеловски

Tags: интервјуЛДПМоника Зајкова
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ