• Latest

Проф. Башким Селмани за ЦИВИЛ Медиа: Граѓаните преку читање и ширење непроверени информации стануваат двојни жртви на дезинформации

December 19, 2023
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Проф. Башким Селмани за ЦИВИЛ Медиа: Граѓаните преку читање и ширење непроверени информации стануваат двојни жртви на дезинформации

December 19, 2023 14:26
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ИНТЕРВЈУ, ПРОПАГАНДА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Башким Селмани, професор на правниот факултет при Државниот универзитет во Тетово, по римско право, политички науки и меѓународен тероризам, во интервју за ЦИВИЛ Медиа отвора нови прашања, гледишта и сознанија за последиците од дезинформациите и лажната пропаганда, посебно во изборен контекст.  Селмани даде и свои препораки за институционалното справување со дезинформациите, како алатка со која ќе се мерат причините и последиците на пропагандните и дезинформациските наративи, како и општествената свесност.

Професорот Селмани ги посочи институциите како соучесници или главни креатори на дезинформациите бидејќи добар дел од нив се поврзани со политичките партии. Тој посочи дека со креирање дезинформации,  а со тоа и опасноста по безбедноста на институциите и граѓаните, и не постапување по пријави за дезинформации, тие се директните виновници, а дел и креатори на дезинформациите.

Како препорака за справување со дезинформациите, Селмани предлага да се формира посебна институција во која ќе се анализираат причините и последиците на подлегнувањето на дезинформации, од страна на, како што тој ги нарекува, двојните жртви на дезинформациските и пропагандните наративи.

ЦИВИЛ МЕДИА: Кои се последиците од дезинформациите и лажните пропагандни наративи во општеството воопшто, а посебно во контекст на изборните процеси? Како ќе ја оцените ситуацијата во земјата?

СЕЛМАНИ: Ако се прави компаративно однесување меѓу  другите држави и Република Северна Македонија, за жал, кај нас општеството не е созреано во однос на етичкиот кодекс. Како треба да се настапува кога е во прашање комуникацијата, и спремноста за чување на личните, дискрециони права, општествените, и државните права. Од друга страна, тоа е легилсативата, кај нас се уште нема закон, која ќе ги мери овластувањата и, односно, штетите кои му се чинат на една индивидуа, групација, или на државата.

Второ, традицијата во комуникациите кај луѓето општо, е непрецизна, бидејќи најчесто кога комуницираат меѓу себе, луѓето создаваат многу информации, а ние ги прифаќаме такви какви што ни се комуницираат.  А по некоја традиција, ние не ги верификуваме нештата, дали се реални или не се. Дезинформациите создадени од одредени платени групации или индивидуи многу лесно наоѓаат простор за ширење кај граѓаните кои често и немаат како да ги проверат, поради традицијата на комуникацијата.

Институциите не преземаат соодветни мерки кога се во прашање дезинформациите, на пример како што се социјалните мрежи кои се „море во кое секој може да се удави“.

Проф. Башким Селмани – интервју за ЦИВИЛ Медиа фотографија: Дехран Муратов ( 18 декември 2023 год.)

 

СЕЛМАНИ: Во Северна Македонија има злоупотреба на дезинформациите за одредени цели, од луѓе или структури кои не се видливи. Граѓаните не се спремни да го препознаат ризикот, и така истиот ризик го пренесуваат кај другите. Со самото пренесување на непроверени информации, сите ние претставуваме ризик за другите.

Ние почнуваме од основната дилема, а тоа е кој е тука жртвата, вели Селмани, посочувајќи одредени политички партии, но и медиуми, кои преку злоупотреба на довербата на граѓаните, создава жртви на дезинформации.

Медиумите пласираат информации според свои убедувања и интереси, и така граѓаните стануваат приматели, а често и жртви на дезинформациите, комуницирајќи ги последователно кај други граѓани, посочува Селмани.

„Во Северна Македонија нема независно слушање на медиумите, бидејќи многу лесно се наоѓа простор за дезинформирање“, вели професорот Селмани.

ЦИВИЛ МЕДИА: Кои се главните пропагандни наративи во овој период и што можеме да очекуваме во периодот на засилени изборни кампањи на политичките партии во земјата?

СЕЛМАНИ: Убеден сум дека дезинформациите го уништија менталитетот на политичките партии. Според владејачките партии, досега требаше да бидеме во Европската Унија, а од друга страна, одредени политички партии ги мешаат, односно ги злоупотребуваат националните чувства во однос на реалните чувства, и придобивките од зачленувањето во ЕУ.

Политичките и националните игри се вмешуваат за трета страна. На пример, Русија. Ние јавно гледаме дека во Македонија победи Русија, со нивната пропаганда дека доколку се влезе во ЕУ, ќе се изгуби националното право, доколку Бугарите влезат во Уставот… Тоа се одредени центри кои не се гледаат, а работат во однос на слабостите и чувствата на одредена група  граѓани.

Македонците се во право кога размислуваат така, во однос на националните права,  но, не е реално, бидејќи во Македонија  не е проблемот во националните права на Македонците, на Албанците… Ние имаме граѓански проблем, а тоа е јавниот долг. Јавниот долг ни ги руши националните права, човековите права, граѓанските права, економските права.

Судството во Македонија не може да им пресуди на одредени кривични дела, а камоли да истражува во предистражна постапка за прашањата погоре. Бидејќи, јавниот обвинител е должен да оцени, и без пријава на злоупотреба од страна на граѓаните.

Проф. Башким Селмани – Интеевју за ЦИВИЛ Медиа фотографија: Дехран Муратов ( 18 декември, 2023 год.)

ЦИВИЛ МЕДИА: Дали македонските институции имаат капацитет да се спротистават на дезинформациите и хибридните закани?

СЕЛМАНИ: Јавниот обвинител, судството и соодветните институции се должни да го чуваат достоинството на граѓаните, одредени групации, и на државата.

Кога еден обвинител ќе оцени дека има злоупотреба на вакви кривични дела, а жртвите не пријавуваат, тогаш е надлежен да ги истражи и да ги преземе сите мерки за да ја зачува безбедноста на граѓаните и во овој домен.

Ако се анализира работата на институциите во однос на корупцијата или друг вид организиран криминал, ќе видиме дека самите институции се креатори на таквите кривични дела.

На овој начин можеме да видиме дека институциите се автори на дезинформации, бидејќи не обезбедуваат безбедност и на институциите, и на граѓаните,  бидејќи  дел од нив се поврзани со политичките партии.

ЦИВИЛ МЕДИА: Кои се Вашите препораки?

СЕЛМАНИ: Од сите наши анкети досега, во последните десет години, и според нашите научни истражувања, имаме неколку препораки. Предлагаме да има посебна институција или дел од министерство, дали тоа ќе биде за информатичко општество, или министерство за правда, или некои други министерства, мора да има посебен институт кој ќе ги анализира реалните состојби, да даде оценка и потоа да предложи какви мерки треба да се земат предвид.

Во старите држави, кога се анализира дел од реториката, посебно во Римското право,  кога гледале дека администраторите и граѓаните зборуваат многу, донеле одлука дека секој граѓанин има право да се изрази во сто и дваесет зборови, и секој администратор и магистрат да се изрази со над 140 зборови.

Кај нас, се зборува многу, не се мери ништо, и не се реагира воопшто. Ние сме самите жртви, бидејќи не реагираме на одредено време и место. Сега се жртви Македонците, бидејќи мислат дека губат, а не губат ништо, ниту државата ниту суверенитетот. Не губат ништо. Еве со Грција, што се изгуби?

Ние како јавност сме жртва, а бидувањето жртва го помагаме ние самите, дел од знаење, дел од незнаење.

„Ние не знаеме од каде доаѓаат дезинформациите, дали од Русија, дали од Србија, дали од самите нас… Мислиме, прејудицираме дека од Русија, но нема докази за тоа, бидејќи ние самите тука сме „Руси“, вели Селмани во однос на создавањето дезинформации и изворите.

Разговорот го водеше Дијана Тахири

Камера и фотографија: Дехран Муратов

Монтажа: Ариан Мехмети

Интервјуто е дел од проектот „Ослободи го умот“, кој ЦИВИЛ го спроведува во соработка со Амбасадата на САД. 


Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторите/ авторите, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ