• Latest

Наместо со фокус на понудата за граѓаните – медиумите со рефлексија на кампањите доминирани од црна пропаганда, дезинформации, клевети, навреди и омраза (10 дел)

September 17, 2020
Скриншот од видео на Воздушните напаѓачки сили на Украина/Фејсбук

Руските сили убиваат невооружени цивили кои одат со бело знаме во регионот Харкив

November 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на
CRUX

Резолуцијата на ОН за меѓународни стабилизациски сили за Газа би можела да биде готова за две недели, во меѓувреме, насилството во Газа продолжува

November 4, 2025
Ф-16. Фото: Скриншот

Романски и германски авиони реагираа на руски напади близу границата со Украина

November 4, 2025

Европа зборува, Северна Македонија стои

November 4, 2025
Фото: МИА архива

Извештај на ЕУ: Украина мора да ги забрза реформите за да ја исполни целта за пристапување во ЕУ

November 4, 2025

Пицула предупредува: Одложувањето на политичко решение ја турка Србија кон конфликти

November 4, 2025

Европската комисија денека ќе го презентира пакетот извештаи за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 4, 2025
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 4, 2025

ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

November 3, 2025
Фото: Украинска амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија продолжува со воздушниот терор против мирните градови, единствениот одговор се – строги санкции, поголема поддршка за Украина

November 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Наместо со фокус на понудата за граѓаните – медиумите со рефлексија на кампањите доминирани од црна пропаганда, дезинформации, клевети, навреди и омраза (10 дел)

September 17, 2020 18:00
in АНАЛИЗИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ПЕТРИТ САРАЧИНИ

Прв дел | Втор дел | Трет дел | Четврти дел | Петти дел | Шести дел | Седми дел | Осми дел | Деветти дел

Заклучоци на анализата

И од практичните примери кои беа предмет на оваа анализа, но и од оценките на меѓународните набљудувачи и други медиумски организации кои ја следеа работата на медиумите во изборниот процес, се наметнува општата констатација дека подобрувањата во сферата на медиумските слободи и во некои аспекти на известувањето на влијателните медиуми, пред сè преку отсуство на отворена тенденциозност и навивање, за жал, не донесоа значајно поместување во начинот на известување за изборите.

Евидентна е експлозија на содржини во кои доминираат пропагандата, дезинформациите и омразата, кои доведуваат до  радикализација на политичката дебата. Ова особено се забележува кај повеќе портали и на социјалните мрежи, чие влијание веќе се изедначува со она традиционалните медиуми, а кај некои возрасни групи и го надминува.

Тоа произведува дополнителна политичка поларизација и поделби меѓу граѓаните, кои се понатаму се манифестираат преку говорот на омраза, закани и повици за насилство па и реално насилство.   Овој начин на јавна комуникација е  особено видлив на Интернет и социјалните мрежи, Поголем дел од политичките актери што се натпреваруваат на овие избори, ниту штедеа, ниту избираа средства и зборови во борбата со политичките противници, што во пропагандата на пониски партиски нивоа предизвикуваше уште порадикални ставови и постапки.

Но, уште позагрижувачко е што омразата, од виртуелниот, не ретко се прелеваше и во реалноста. Поларизацијата и радикализацијата на комуникацијата резулитираше и со не така мал број на инциденти, директни закани со оружје, физички вандализам, физички напади и насилство. Нападите се насочени кон партии, нивни лидери, истакнати поединци во кампањата, но и кон други –  граѓански организации и активисти, новинари, јавни личности, па дури и кон сосем обични граѓани, кои воопшто не се дел од изборниот натпревар.

Во овој контекст, очигледно е дека Северна Македонија нема доволно силни механизми за справување со дезинформациите. А и онаму кадешто има соодветна легислатива, како што е  во доменот на говорот на омраза, досега е забележлива култура на недоволна активност на надлежните институции, коишто треба да го гонат и санкционираат говорот на омраза по службена должност.

Мали, но недоволни успеси се постигнати во сферите што ги опфаќа медиумската саморегулација, но тие ефекти се ограничени, бидејќи голем дел од создавачите на пропагандистички и потпалувачки содржини и дезинформации не се дел од саморегулаторните механизми, и не ги признаваат и почитуваат одлуките на сопствениот еснаф и саморегулаторни тела.

Освен тоа, повеќе години наназад, а и во овој изборен процес, редакциите не претставуваат филтри за селекција, анализа и обработка на информациите и ставовите, туку најчесто само ги пренесуваат, и ретко излегуваат од рамката на настани што ја градат други, а не самите редакции и јавниот интерес. Студијата и медиумските платофрми, наместо арени за дебата и соочување на аргументи, се претворија во гладијаторски арени за меѓусебно надмудрување, навредување, клеветење, ширење дезинформации и омраза.

Ако се изземат неколку медиуми, понудата на политичките актери речиси и да не беше предмет на дискусија, анализа, толкување на стручњаци и посуштинска анализа на остварливоста на ветувањата. Наместо тоа, во кампањата доминираа аудио „бомби“, црна пропаганда, дезинформации, клевети, омраза. Граѓаните повторно не добија можност да направат информиран избор.

Но, недостатокот на информации за понудата не е само прашање на лош избор на содржини во медиумите. Како никогаш досега, малку беа политичките опции, кои во овој изборен натпревар влегоа фокусирани на понудата и објаснување на нејзината остварливост пред граѓаните. Иако, на прв поглед, доминантните политички партии имаа организирани кампањи насочени кон објаснување на нивните програми со кои го бараа гласот на граѓаните, се повидлива е „инвестицијата“ која што и партиите и другите центри на моќ ја насочуваат во црната пропаганда, особено на влијателните социјални мрежи и онлајн платформи за комуникација.

Оттука, и одговорноста за недостатокот на јавна дебата за понудата и нејзино минимално присуство во медиумскиот треба да биде споделена: меѓу оние некреативни политички елити кои понудата ја заменија со деградирање на јавната комуникација и омраза на противникот; медиумите, кои наместо да бидат артикулатори на јавниот интерес и да инсистираат на понуда, стануваат заложници на овие центри на моќ и нивни орудија во манипулација на граѓаните и јавното мислење и; институциите, кои преку недејствување во доменот на насилството и говорот на омраза, создаваат атмосфера во која јавноста добива впечаток дека тоа е „поисплатлив“ начин да се дојде до успех, и во медиумите и во политиката.

Препораки на ЦИВИЛ кои произлегуваат од Анализата

  1. Институционалната и општествената култура на неказнивост на говорот на омраза мора да се адресира итно. Слободата на изразување е иманентна и суштински важна за демократските општества, но таа не е безгранична. Системот на меѓународна заштита на човековите права во себе подразбира и одговорност кон сите човекови права и слободи, а и нивна заштита, кога тие се кршат преку масовна комуникација. Таа култура на неказнивост е производ на несоодветна реакција, пред се на полицијата и обвинителствата, како и судовите, каде процесирањето на вакви случаи (со исклучок на неколку директни закани за убиство кои беа адресирани) до крај е сѐ уште реткост. ЦИВИЛ ќе продолжи да ги повикува овие институции постојано, како и досега, да ги преземат врз себе одговорностите и да ги употребат сите законски механизми кои веќе им се на располагање за надминување на состојбите. Брзите реакции во неколку случаи покажаа дека тоа е возможно, но таа заштита треба да ја уживаат сите граѓани, без оглед на функцијата или улогата во општеството.
  2. Освен далеку поголема ажурност на надлежните институции – полицијата, обвинителствата, судовите, немањето институционална рамка која ќе го спречи масовното дезинформирање е исто така предизвик што го донесе новиот начин на комуницирање, а кој се уште не е соодветно адресиран во нашиот правен систем. Неколку европски држави, на пример и една Германија, сериозно се зафатија да ги одредат правилата на игра и во оваа сфера. Во таа насока, Цивил препорачува сеопфатна ревизија на медиумската и изборната легислатива во делот на медиумите, согласно Европската конвенција за човекови права и примери на развиени европски демократии, која ќе овозможи целосна слобода на изразување на сите актери во јавната комуникација, но и одговорност и соодветни казни за оние, кои со нивната комуникација поттикнуваат или предизвикуваат насилство, омраза, дискриминација, намерно шират дезинформации и ги доведуваат во заблуда граѓаните или нарушуваат на други човекови права.
  3. Финансирањето на медиумските кампањи за време на изборите останува сива зона, особено со новите можности на пласирање на медиумски содржини преку онлајн платформите, дел од кои партиите веќе ги користат обемно, но за кои не се знае од каде доаѓаат финансиите и колку пари се трошат. Буџетското финансирање на медиумските кампањи не донесе решенија во полза на граѓаните и нивното поцелосно информирање за изборната понуда. Напротив, тоа создаде нови клиентелистички врски, и уште повеќе можности за партиите директно да влијаат на јавната комуникација, преземајќи ја улогата на уредништва, редакции или медиуми. Да не заборавиме, граѓаните веќе еднаш им плаќаат на партиите за освоените гласови на изборите, средства кои се прилично големи. Освен тоа, привилегирањето на големите политички партии на сметка на помалите и во однос на медиумското претставување продолжува да го прави изборниот натпревар нееднаков. Затоа, ЦИВИЛ смета дека посебното буџетско финансирање на кампањите на партиите мора да се укине, а целата област да се реформира со решенија кои ќе овозможат поголем плурализам и поголема транспарентност во финансирањето на партиите;
  4. Саморегулацијата на медиумите е сфера во која земјата има успеси, но тие се ограничени, бидејќи токму оние медиумски платформи кои се занимаваат со црна пропаганда и дезинформации не се дел од овие механизми, ниту пак се чувствуваат обврзани од нивните правила и одлуки. Медиумската заедница треба да направи похрабри чекори во однос на целосното опфаќање на сите медиуми во саморегулаторните механизми и да се дистанцира од непрофесионалните платформи, кои, ако не сакаат да се саморегулираат, треба да бидат предмет на третирање од општата регулација во земјата;
  5. Медиумската писменост е особено важна, не само за публиката и зајакнување на отпорноста на граѓаните кон дезинформациите и омразата, туку пред се за медиумите. Медиумски неедуцирана публика далеку повеќе конзумира непрофесионални медиуми, што го доведува во прашање економскиот опстанок на професионалните медиуми кои треба да работата за јавниот интерес. Клучот на успехот лежи во соработката помеѓу образовниот систем, медиумите и нивните организации, јавниот сервис и надлежните институции, како што се АВМУ, МОН, МИОА, Комисијата за заштита од дискриминација, Антикорупциската комисија итн.
  6. Времето за адресирање на недостатоците на изборниот процес е сега, на почеток на 4 годишниот период во кој овие пратеници и оваа влада ќе ги претставуваат граѓаните. ЦИВИЛ силно препорачува отпочнување на сеопфатна експертска и јавна консултација и завршување на реформите кои ги допираат медиумите и изборниот процес во рок од најмногу 1 година од формирање на новата влада и Собрание. Тоа никако не смее да се случува пред наредните избори, или воочи било кој изборен циклус и да биде предмет на политичка манипулација од политичките партии и медиумските сопственици.
  7. Последно, но не најмалку важно: политичките партии, медиумите, новинарите, јавните личности, разните граѓански форми на организирање и сите кои имаат влијание во јавната комуникација – да се воздржат од говор што прекршува човекови права, дискриминира или поттикнува омраза, било да е тоа кон личности, или пак кон одредени општествени групи. Освен тоа, обврска на секој е да ги модерира објавите и коментарите и да не дозволува говор на омраза на каналите кои ги уредува, почнувајќи од личните профили, страниците на партиите, медиумите, влијателните личности…Ако сакаме ефикасна борба против говорот на омраза, секој треба да почне – од сопствениот двор.

 


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. 
Во постизборниот период, ЦИВИЛ објави серија извештаи и анализи за спроведувањето на изборниот процес. Во претстојниот период, Организацијата го финализира објавувањето на извештаите и анализите од мониторингот, по што ќе бидат подготвени и објавени препораки за идните чекори што треба да се преземат на повеќе правно-политички, институционални и општествени нивоа.
Овие денови, ЦИВИЛ објавува делови од опсежната анализа под наслов „Наместо со фокус на понудата за граѓаните – медиумите со рефлексија на кампањите доминирани од црна пропаганда, дезинформации, клевети, навреди и омраза“ која ја подготви медиумскиот експерт Петрит Сарачини, инаку активист и член на Собранието на ЦИВИЛ.
Анализата е подготвена на педесетина страници, со конкретни примери и анализи за ефектите од кампањата, методите на пласирање на пораките, мрежите за оркестрирано ширење партиска пропаганда, дезинформации и омраза и низа други аспекти. На крајот од анализата се поместени заклучоци и препораки кои ќе бидат дел од пакетот препораки кои ЦИВИЛ ќе ги претстави пред јавноста и на институциите кон средината на септември.

Прв дел | Втор дел | Трет дел | Четврти дел | Петти дел | Шести дел | Седми дел | Осми дел | Деветти дел

Share36Tweet23Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    174 shares
    Share 70 Tweet 44
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ