• Latest

Наместо отчет за дванаесетте години пустош, Талески ќе снима документарец за своите успеси!

March 6, 2017

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026

Слободата е најсилниот јазик што го разбира светот! САД 250 години

July 6, 2026
РУСКИ ТЕРОР ПРОТИВ ЦИВИЛИТЕ: Кијив, 6 јули 2026 (фото: ДСНС Кијив)

Кијив преживеа уште една ноќ на масовен руски терор: Најмалку 11 загинати и 46 повредени цивили во напад со ракети и дронови

July 6, 2026

250 години и еден ден

July 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Пропагандни лудаци

July 5, 2026

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Демократијата бара консензус во интерес на граѓаните, не изборен инженеринг

July 3, 2026
© Press Service Of The President Of Ukraine / YPV.2026 (преземена од Фејзбук профилот на украинскиот претседател Володимир Зеленски)

Најмалку 27 загинати во масовниот напад врз Кијив, ЕУ со нови санкции против Русија

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Политичка битка за Изборниот законик: Електронското гласање за дијаспората ја продлабочува кризата околу изборните реформи

July 3, 2026

Сите засравме сѐ

July 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Наместо отчет за дванаесетте години пустош, Талески ќе снима документарец за своите успеси!

March 6, 2017 15:13
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со 508.474,58 денари, односно, околу 8.200 евра – државни пари, градоначалникот на Општина Битола, Владимир Талески ќе снима документарен филм за неговите „12 долги години“ владеење со градот, кој и поради неговите три градоначалнички мандат, забрзано исчезнува?!

Во објавениот тендер „Снимање и монтажа на документарен филм ,’Развојот на Битола 2005-2017’ “, стои: „Со зголемувањето на бројот на реализирани проекти во Општина Битола, согласно постоечките детални урбанистички планови, како и направените измени, извршена е значителна промена на ликот на општината, во споредба со периодот пред 2005 година. Изработените и реализирани проекти, сочувани во hard copy, не обезбедуваат доволна визибилност и репрезентативност на фазната реализација пред сé, на капиталните проекти, а со тоа, и оневозможена е нивна промоција и дистрибуција до граѓаните, на начин кој ќе биде јасен, разбирлив и стручно оправдан“.

Градоначалникот Талески, загрижен дека неговите достигнувања и покрај тоа што се „многубројни, големи и од суштинско значење за градот“, сепак нема да бидат забележани од оние битолчани кои останаа да живеат во „градот на конзулите“, се одлучи на ваков чекор, со што, по 12 години политиканство, конечно, повторно ќе се врати на својата професија – актер и ќе глуми во документарен филм.

Како што е наведено во тендерската документација, пречка за реализација на овој филм не е веќе постоечкиот филм што се однесува на периодот од 2005 до 2012-та година, затоа што ова филмско остварување не го содржи периодот од последните пет години, кога наводно биле реализирани проекти од историско значење?!

Сепак, иако тендерот содржи информации за сижето на филмот, не се споменува ништо за главните обележја на владеењето на Талески, кои навистина го променија изгледот на градот и резултираа со тоа – Битола денес да изгледа како да е „на распродажба“.

Само на главната улица, Широк Сокак, која некогаш претставуваше центар на културни случувања, во последните неколку месеци затворени се повеќе од 10 бутици! Во тендерот не се споменува ништо ниту за преполовените паралелки во основните и средните училишта, со по, едвај – 15 деца, поради енормното иселување на битолчани. Најдолго ветуваниот и нереализиран фудбалски стадион и затворениот базен, распаднатиот Офицерски дом, полигонот…, исто така, нема да бидат дел од филмските сцени.

Проблемот со загадувањето, поради што Битола, повеќе пати беше на врвот на листата на градови со најзагаден воздух, не се впишани во листата на достигнувања на Талески, кои ќе се претстават на филмското платно.

Најмногу изненадува, тоа што никаде во 17-те страни тендерска документација, не се споменува криминалот на „Таткото на градот“, за еден друг тендер, за бесплатниот превоз на ученици, во кој повторно се јавува во главна улога. Тој  е првоосомничен во случајот „Транспортер“ што го отвори Специјалното јавно обвинителство за криминал од 360.000 евра!

Поради овој случај Талески, скоро три месеци беше во домашен притвор.

Во тендерската документација има точка која се однесува и на критериуми за утврдување на способноста на понудувачите. Предвидените критериуми, го исклучуваат Талески, самиот да аплицира за снимање и монтажа на документарниот филм.

Овој своевиден отчет за „сработеното“ во изминатите 12 години, ќе се снима во пресрет на локалните избори што треба да се одржат пролетва. Со таа цел, доставата се очекува да биде најдоцна до 30-ти април.

Каков ќе биде успехот на овој филм? Дали по премиерата, битолчани ќе поднесат молба до Талески, задолжително и по четврти пат да се кандидира за градоначалник? Или, судбината на Талески ќе ја одлучува СЈО…

Марија Теговска

Tags: БитолаВладимир ТалескиГрадоначалникотчетфилм
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ