ЗОРАН ИВАНОВ
ЕУ проверката за Македонија денеска заврши, Брисел ни стави преодна оценка и сега, сакале не сакале, пратениците од собраниската група на ВМРО-ДПМНЕ остануваат осамени на бришаниот простор како единствена пречка на извесно трновити па сепак единствен, неспорен и од никого неоспоруван пат на кој Македонија конечно ќе може да почне да ги отвора реформските ЕУ поглавјата што е сега можно само доколку тие сепак смогнат сили, ја согледаат сопствената одговорност пред сегашноста и иднината на државата и доколку, во самиот финиш на својот нотарски мандат ги надминат инаетот, длабоката партиска зависност, фалшивиот патриотизам и, кажано во оваа една реченица, му се приклучат на сега веќе извесниот европски од или, во спротивно, времето пред нив неминовно ќе ги легитимира како актери кои мошне агилно учествувале во одземањето иднина на генерациите на кои, наместо европски вредности, во наследство им оставиле Татковина изолирана и атрофирана од корупција.