• Latest

Најчевска: Да се спречи печалењето на извршителите!

July 25, 2017

Слободата е нашата религија: Ивана Климпуш-Цинцадзе, украинска пратеничка

August 15, 2026

На Путин му се допаѓа неговата најлоша опција во Украина

August 15, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Народот не ја сака ЕУ, народот сака некој друг да му ја плати скарата

August 15, 2026
Џабир Дерала, 30 јули 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Џабир Дерала: Северна Македонија ќе влезе во ЕУ, само ако со тоа се согласи Белград

August 15, 2026

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 15, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Руски, српски, разни други светови има, а македонски свет има ли?

August 15, 2026
Училишта и општински згради беа претворени во мачилишта за украинските цивили | Херсон, 2022 година.

(ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА) „Ова е тоа на кое би се предале“: Белешка за руските ѕверства во Херсон, Украина

August 14, 2026

Два јубилеи и една дијагноза

August 14, 2026
Сумска област, Украина, 14 август 2026 (фото извор: Сумска ОВА)

РУСКИ ТЕРОР: Станбена зграда во Краматорск уништена со наведувана бомба, мајка и деветгодишен син убиени во Сумската област

August 14, 2026
Петрит Сарачини, претседател на Институт за медиуми и аналитика (ИМА), Скопје, 30 јули 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Сарачини: Влијанието што го има во Македонија, Србија го користи како чип во играта со Западот

August 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Најчевска: Да се спречи печалењето на извршителите!

July 25, 2017 14:51
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Да прекине „побизнисувањето“ на извршната функција, печалењето на извршителите на сметка на граѓаните, од кои, и за мали побарувања, се наплаќаат високи трошоци при реализација на извршните решенија. Оваа е препорака на правната експертка Мирјана Најчевска, којашто во изјава за ЦИВИЛ Медиа, посочува на потребата од измени во законската регулатива во сферата на извршувањето, со цел – заштитата на правата на граѓан(к)ите да биде во преден план.

Д-р Мирјана Најчевска, правен експерт

„Извршувањето, вака како што е поставено во Република Македонија, има одредени проблематични моменти. Се добива впечаток дека е извлечено надвор од она што претставува надлежност на судовите, односно, судовите стануваат надлежни за процесот на извршување, дури во моментот кога човек ќе се пожали! Потребна е некаква дополнителна активност од граѓаните за да можат да се заштитат од несоодветното извршување. Ова е спротивно и на идејата што ја застапува Европскиот суд за човекови права, за единство на судската постапка. Имено, судската постапка не завршува со донесување на конечната одлука на судот, туку со извршување на таа одлука, што подразбира надлежност на судот во следење на извршувањето на одлуката“, акцентира професорката Најчевска.

Доколку на таков начин се прилагоди регулативата, според Најчевска, судовите ќе имаат дополнително влијание, односно, дополнителна можност за надзор врз извршувањето, така што дел од несоодветните постапки за извршување – ќе бидат разрешени.

„Извршувањето и извршителството како идеја, како институт е во суштина насочено кон заштита на граѓаните, за да не бидат доведувани во ситуација да бидат донесувани судски одлуки, што натаму ќе бидат само мртва буква на хартија. Но, во последниот период, особно со начинот на  некакво ‘побизнисување’ на извршната функција, односно ставање на извршителите како некој вид претпријатија што печалат од оваа функција, всушност, најзагрозени се граѓаните! Оние граѓани, коишто и за многу мали долгови, одеднаш се доведуваат во ситуација, да не можат да ги платат дополнителните трошоци, што во огромна мера го надминуваат главниот долг, со што се обесмислува целата идеја на заштита и се претвора во повреда на правата на граѓаните“, вели Најчевска.

И во анкетата што ЦИВИЛ Медиа ја реализираше минатата недела, граѓан(к)ите на Скопје, бараат промена на регулативата. Изминатава деценија стотици, илјадници граѓани од сите страни на Македонија, се жалеа на начинот на којшто се извршуваат решенијата. Некои од нив, останаа и без имот, им беа извршувани големи суми, дури и цела плата – за една неплатена сметка за радиодифузна такса, или за други комунални давачки! Гневот на граѓан(к)ите е голем, но многу пострашно е што досегашниот начин на реализација на извршните судски решенија доведува до дополнително осиромашување и обесправување на граѓаните.

Моника Талеска

Tags: бизнисграѓаниЕвропски суд за човекови праваизвршителиизвршни решенијаМирјана Најчевскапечалбачовекови права
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ