• Latest

Најчевска: Подобро делувам под притисок

December 27, 2017
Фото: Скриншот од видео на DW

Седуммина милитанти на Ал Шабаб облечени како војници упаднале во сомалиски затвор, владата тврди дека сите се убиени

October 5, 2025
Фото: Креирано со помпш на ВИ

Од Мароко до Мадагаскар, генерацијата Z го пренесува дигиталниот бунт на улица – каде сме ние?

October 5, 2025
Демонстрантите се соочуваат со агенти на ICE во Чикаго, Илиноис Фото: Скриншот од видео на ВВС

Трамп одобри распоредување на 300 војници на Националната гарда во Чикаго, федерален судија привремено го блокира распоредувањето на 200 војници во Портланд

October 5, 2025
Индустрискиот парк „Спароу“ во Лвив е во пламен по рускиот масовен напад. 5 октомври 2025 година. Фото: Андриј Садови/Телеграм

РУСКИ РАКЕТЕН ТЕРОР: Во масивен напад со 500 беспилотни летала и над 50 ракети врз Украина загинаа 5 лица, 16 повредени

October 5, 2025

Радев се заблагодари на Сиљановска Давкова за изразеното сочувство за жртвите од поплавите во Бугарија и понудената помош

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

Сирија ги одржува првите избори по падот на Асад, но не во сите провинции

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на Times News

Нетанјаху се надева на ослободување на заложниците во Газа во „наредните денови“

October 5, 2025
Поглед од воздух на аеродромот Вилнус, Литванија, на 17 октомври 2011 година. Фото: Треворт Моргондонт/Викимедија Комонс

Аеродромот Вилнус во Литванија беше затворен поради нарушување на воздушниот простор

October 5, 2025
Антивладините демонстранти се обидоа да ја нападнат претседателската палата. Фото: ВВС

Грузиската полиција се судри со демонстранти кои се обидоа да влезат во претседателската палата во Тбилиси

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Чешката популистичка партија АНО на поранешниот премиер Бабиш победи на парламентарните избори, загрозена помошта за Украина

October 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Најчевска: Подобро делувам под притисок

December 27, 2017 19:00
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Професорката Мирјана Најчевска во интервју за ЦИВИЛ Медиа зборува за слободата на изразување, медиумските слободи, активизмот, притисоците и начинот на којшто таа се справува со нив.

ЦИВИЛ Медиа: Кои се вашите оценки за состојбата во која се наоѓаат слободата на изразување, медиумските слободи и активизмот?

Најчевска:  Мислам дека има едно генерално неразбирање на слободата на изразување. Прво, неразбирање дека таа е двонасочна. Значи, слободата на изразување се состои и од примање и од давање на информации. Единствениот начин на којшто навистина може да се достигне вистинска слобода на изразување е да постои слобода на информациите, значи луѓето да можат да ги добијат сите оние информации коишто им се потребни за да можат да формираат став, мислење, за да можат да одлучуваат и да можат да даваат информации, односно, да можат да ги искажат своите мислења, без страв дека заради тоа ќе трпат некакви негативни последици. Кај нас многу често слободата на изразување се заменува со самоволие на изразување. Значи, имам право да си кажам што сакам независно од тоа дали на тој начин повредувам некого, дали повредувам нечие право, дали е тоа дел од тоа што треба да го кажам и слично. Исто така самоволието на изразување значи дека нема никаква контрола на кажаното од аспект на она што претставуваат основни граници коишто значат недискриминација, говор на омраза, поттикнување на насилство и слично. Автоматски оваа замена всушност оневозможува луѓето да сфатат што немаат. Луѓето не сфаќаат дека немаат слобода на изразување туку имаат самоволие на изразувањето. Меѓутоа, резултатот на самоволието на изразувањето е дека нема никакво влијание. Можат луѓето што сакаат да си кажат, каде сакаат да си кажат, меѓутоа тоа нема суштинско влијание за процесите на одлучување, на она што се случува во нивниот живот, т.е. ‘кучињата лаат карванот си минува’, односно, повторно одново и одново работите се случуваат на некое друго ниво, на некој друг колосек додека на друга страна се собрани луѓето коишто имаат илузија дека имаат слобода на изразување.

ЦИВИЛ Медиа: Дали досега сте се соочиле со притисоци од политичките и бизнис центрите на моќ и како се справувате со нив?

Најчевска: Секогаш кога ќе се излезе од шините на самоволието на изразување, значи кога не се работи само за обично галамење, туку кога ќе се удри по некој суштински елемент, кога ќе се задре во тема којашто некому е важна, а тоа се обично парите и бизнисот, и кога ќе се види дека некој облик на изразување ги поттикнува луѓето на заедничко барање, на заедничко групирање и дека ќе има влијание врз процесите на одлучување, веднаш почнува да доаѓа и реакција од другата страна, односно, веднаш се почнува со притисок. Тој притисок воопшто не е физички. Тој притисок воопшто не е закана со тепање или нешто слично, јас не сум во позиција да бидам изложена, барем досега, на таков облик на закана. Меѓутоа, притисокот прво се состои од тоа што на притисок се изложуваат сите останати луѓе. Значи сите оние коишто се позависни, коишто се послаби, на коишто може да се изврши притисок, почнуваат да ти ги отсекуваат. Потоа, притисокот почнува да се врши на повеќе места, преку работната средина, преку граѓанското здружување, преку политичкото здружување и слично. Значи станува толку голем што го ограничува просторот на делување. И, на крај, оној најстрашниот притисок е во вид на игнорирање. Односно, едноставно те поттурнуваат на страна. Започнува кампања на омаловажување на ставовите и мислењата коишто се искажани и на дезавуирање на податоците коишто се изнесени. Тој притисок е оној којшто те спречува навистина да делуваш и тој е најобесхрабрувачки. Тој е оној притисок заради којшто луѓето паѓаат во апатија и викаат „доста беше веќе не ми е гајле за ништо“.

ЦИВИЛ Медиа: Но, вие не паднавте во апатија…

Најчевска: Уште не сум паднала. Викаат дека има некои луѓе коишто подобро делуваат под притисок. Па, изгледа јас сум од тие коишто колку повеќе ги притискаш, толку поексплозивно реагираат. Така што мислам дека малку се прецениле со своите форми на делување.

ЦИВИЛ Медиа: Кои се вашите препораки во контекст на борбата за слобода на изразување и медиумските слободи?

Најчевска: Прва препорака ми е дека мора да се отворат информациите. Она што се случуваше во изминатите десетина години беше прогласување на многу информации за тајни. Државна тајна, службена тајна и слично, и всушност луѓето не располагаа со релевантни информации. Вториот начин на блокирање на информациите беа несоодветните информации. При што се мисли на несоодветниот начин на којшто се пласирани информациите до луѓето. Значи луѓето некогаш дури и ги затрупуваа со информации, на интернет страни, на огласни табли, во службени весници и слично. Меѓутоа не им ги даваа на начин којшто може да биде разбирлив за секој човек за да може да си формира свој став, свое мислење. Третиот елемент е да се определат многу јасни граници. Јас сум за што е можно пошироки граници на слободата на изразување, меѓутоа мора да бидат многу јасни и однапред определени, за да се знае што не смее да се премине. Дека кога ќе се помине таа граница, тоа значи повреда на човековите права, дека тоа значи говор на омраза, дека тоа значи поттикнување на насилство. И, четврто, дека во рамките на тие граници луѓето мораат да имаат апсолутна слобода на изразување. Значи да не бидат исмевани за одредени идеи коишто ќе ги кажат. Да не бидат веднаш ставени на столб на срам заради тоа што се тоа идеи коишто ги поддржува само некое многу ограничено малцинство од било кој облик а не се поддржани од мнозинството. Треба да се научи нашата заедница дека мора да ги слуша дури и идеите коишто се спротивни на она што претставуваат наши сопствени идеи. Дека мораме да станеме толерантни за поинаквото и различното, меѓутоа сфатени во многу широки граници. Дури и тогаш кога е многу спротивно од нашиот вредносен систем.

Маја Ивановска
Камера: Атанас Петровски
Монтажа: Ермин Климента
Фотографија:


Овој проект е финансиран од Европската Унија преку програмата за мали грантови „Заштита на слободата на медиумите и слободата на изразување во Западен Балкан“ спроведена од Здружението на хрватските новинари, како дел од регионалниот проект „Регионална платформа на Западен Балкан за слобода на медиумите и безбедност на новинарите”, спроведена преку партнерство на шест регионални новинарски здруженија – Здружение на независни новинари на Србија, Здружение на новинари од Босна и Херцеговина, Здружение на новинари на Хрватска, Здружение на новинари на Косово, Здружение на новинари на Македонија и Синдикатот на медиуми на Црна Гора.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: @активизаминтервјумедиумски слободиМирјана Најчевскапритисоцислобода на изразувањеЦивил
Share45Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    150 shares
    Share 60 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    144 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Прв приговор до ДИК: СДСМ Штип против Јорданов и ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на јавни ресурси

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ