• Latest

Најчевска: Нема криза, Иванов треба мандатот да го даде на следната партија со најмногу пратенички мандати!

January 30, 2017

Безглави агенти

October 12, 2026
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Словенија на четири референдуми: Пораз за законот на Јанша, поддршка за построги социјални мерки и неизвесност за јавниот сервис

October 12, 2026

Kога боксовите и клоците се во полициска униформа – кој ќе ги штити граѓаните?

October 12, 2026
Харкив, 11-12 октомври 2026 (ДСНС)

Трамп прогласи енергетско примирје, рускиот терор продолжи – загинати цивили и нови напади врз Украина [ДОПОЛНЕТО]

October 12, 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026

Една болна последица предизвикана од криминалната држава

October 11, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Историја

October 11, 2026

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Гласот на луѓето со лично искуство мора да влијае врз одлуките за грижа и превенција

October 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Најчевска: Нема криза, Иванов треба мандатот да го даде на следната партија со најмногу пратенички мандати!

January 30, 2017 12:11
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

За професорката д-р Мирјана Најчевска, по неуспешниот обид на мандатарот Никола Груевски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ, да формира нова влада во законскиот рок од 20 дена откако го доби мандатот, во Македонија нема политичка криза. Според неа, постои демократска процедура којашто овозможува непречено продолжување на процесот на формирање влада. Таа е децидна дека според Уставот, претседателот на државата Ѓорге Иванов, во ваква ситуација мандатот го предава на следната партија со најмногу пратенички места, во конкретниот случај, на СДСМ.

„Воопшто не мислам дека во моментов има политичка криза, има демократски начин, процедури врз основа на коишто се оди понатаму. Кога една партија или партиска коалиција не може да обезбеди соодветно парламентарно мнозинство за да формира влада, се преминува на друга, којашто се очекува дека може да го формира тоа парламентарно мнозинство. Логичен чекор е сега на следната најголема партија да ѝ се даде мандатот и таа да се обиде да формира соодветно мнозинство. Доколку и таа политичка опција не може да формира, тогаш веќе може да се размислува или за нови избори, или за формирање на техничка или технократска влада“, смета професорката Најческа.

ЦИВИЛ Медиа: Има гласишта дека доколку и СДСМ не успее во намерите да обезбеди парламентарно мнозинство, мандатот би ѝ се дал на третата партија со најголем број пратеници, во случајот ДУИ. Кој е Вашиот коментар за ваква веројатност?

НАЈЧЕСКА: Се знае која од политичките партии има соодветна структурна моќ да формира мнозинство. Доколку на ДУИ ѝсе даде мандатот, таа повторно ќе треба да коалицира или со едната или со другата политичка партија, на која што претходно ѝ бил даден мандатот, односно, да формира влада. Тоа е веќе манипулација, односно изигрување и на правото и на Уставот. Она што може да се направи е политичките партии да се согласат околу заеднички мандатар и формирање на широка коалиција, или пак, околу заеднички мандатар и формирање на техничка, односно технократска влада. Или, во краен случај, нови избори. Меѓутоа, такво нешто, како давање можност на помалите политички партии за формирање влада во моментов, кога тие веќе биле во опција со поголемите партии, е изигрување на законот.

ЦИВИЛ Медиа: Во овој момент, мандатарот Груевски мандатот треба да му го врати на претседателот Ѓорге Иванов. Сега, на потег е повторно претседателот Иванов, или постапката се враќа во Собранието?

НАЈЧЕСКА: Претседателот го дава мандатот на следниот мандатар. Доколку претседателот на каков било начин одбие тоа да го направи, тогаш на сцена може да дојде Собранието.

Моника Талеска

Tags: ВМРО-ДПМНЕДУИЃорге ИвановМирјана Најчевсканова владанови избориполитичка кризаСДСМ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ