• Latest

НАТО сертификација за воените лица, одложување на датумот со сериозни последици, ЦИВИЛ отворено за сите прашања

June 28, 2021
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
Фото;Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Секој руски напад со ракети, авиобомби и дронови врз мирните украински жители е обид да се скрши Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на Al Jazeera Balkans

Додека Вучиќ и Радев си префрлаат за „српски“ и „бугарски свет“, Вулин провоцира: Бугарскиот окупатор да молчи и пали свеќи, не може да го запре „Српски свет“

November 6, 2025
Скриншот од видео на
7NEWS Australia

Трамп ја отвора вратата за нова ера на нуклеарни тестови

November 6, 2025

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

НАТО сертификација за воените лица, одложување на датумот со сериозни последици, ЦИВИЛ отворено за сите прашања

June 28, 2021 17:53
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Мобилна станица за деконтаминација, донација од САД, НАТО сертификација за воените лица, силни пораки од Шекеринска за улогата на Армијата во стабилноста на земјата

Очекувам летово да заврши НАТО сертификацијата за воените лица кои го почнаа процесот, вели министерката за одбрана Радмила Шеќеринска, во однос на процесот на потребната НАТО сертификација на офицерите на Армијата.

„Задоволство ми е денеска што сме овде заедно за да покажеме на кој начин напредува нашата билатерална соработка со стратешкиот партнер и сојузник – САД, но како напредува и модернизацијата и опремувањето на нашата армија“, рече министерката Радмила Шекеринска на денешното примопредавање на мобилната станица за деконтаминација, донација од САД.

На примопредавањето, на кое присуствуваше и амбасадорката на САД Кејт Мари Брнз и тимот за обука од САД, беше извршена презентација на можностите на станицата која може да опслужи и до 50 луѓе наеднаш, како и презентација на извидничката опрема за откривање на радиолошко, хемиско и биолошко оружје.

„Кога Армијата е посилна, и државата е посилна“, рече таа. Амбасадорката Брнз рече дека мисијата на АБХО единицата е единствена и посебна не само затоа што е обучена да ги спасува граѓаните на Северна Македонија во војна туку затоа што и служи на државата во случаи на природни катастрофи и други предизвици.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ Џафери: Одложувањето на датумот сериозно ќе се одрази на политичко-економската ситуација во Северна Македонија

„Без одложување треба да се одреди датум за одржување на првата Меѓувладина конференција, со која ќе го означиме формалниот старт на преговорите за Република Северна Македонија. Секое одложување сериозно ќе се одрази на политичко-економската ситуација во нашата земја, но и ќе има свое влијание и на останатите земји во регионот кои споделуваат исти или слични отворени прашања со своите соседи,  истакна претседателот на Собранието Талат Џафери во обраќањето пред членовите на Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) на Европскиот парламент во Брисел.

ФЛЕШ ВЕСТИ

Образование Системот на образование е подготвен за три сценарија за новата учебна година –  целосно отворање на училиштата и сите ученици да бидат во клупите, согласно здравствени протоколи и доколку биде стабилна епидемиолошката состојба. Министерката за образование и наука Мила Царовска рече дека тоа е најдоброто и најпосакувано сценарио кај сите во Владата.

ЕКО Премиерот Зоран Заев денеска рече дека е дадена инструкција со веќе објавениот тендер на владината Служба за општи и заеднички работи, да се види дали може од 20 до 50 отсто во набавката на службените возила да се вклучат електрични или еколошки возила.

Зелена акција На 13 јули официјално ќе започне постапката за подготовка на теренот за чистење на малата депонија со линдан во ОХИС, информираа денеска на брифинг во Министерството за животна средина и просторно планирање.

Развој Електронскиот систем за координација во планирањето, спроведувањето, мониторингот и евалуацијата на политиките за рамномерен регионален развој – sirera.mk , наречен СиРеРа денеска официјално беше предаден на управување на Министерството за локална самоуправа.

ЦИВИЛ

ЦИВИЛ на прес конференција: Отворено за сите прашања

ЦИВИЛ организира прес конференција под наслов „Отворено, за сите прашања“ на 29 јуни (вторник), во хотел Парк Резиденс & Спа (зад градскиот фудбалски стадион), сала Њујорк, со почеток во 11 часот.

Прес конференцијата ќе се емитува во живо на Фејсбук страницата и на видео каналот на ЦИВИЛ.

Пресот е отворен и за новинарски екипи со физичко присуство. За време на преносот во живо, може да се поставуваат прашања во писмена форма, со порака на Фејсбук или на мејлот civil@civil.org.mk.

Како се одвива и како ќе се одвива изборниот мониторинг на ЦИВИЛ оваа година? Кои се постигнувањата и предизвиците од досегашната имплементација на проектот „Европски перспективи, следно ниво“ во дадените општествено политички прилики? Што претставува проектот „Зелено општество за сите“? На кој начин се одвива иницијативата „Направи разлика: Почитувај ги различностите“?

На прес конференцијата, претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, ќе одговара и на сите други прашања за кои се интересира јавноста.

По прес конференцијата, ЦИВИЛ ќе одржи и јавен настан „Невладините под лупа“, со почеток во 12 часот.

Јавен настан на ЦИВИЛ: Невладините под лупа

ЦИВИЛ организира панел дискусија на тема „Каква е улогата на граѓанските организации во општествено-политичките процеси?“, што ќе се одржи утре, 29 јуни, во хотел Парк Резиденс&Спа, Скопје, со почеток во 12 часот.

Говорниците, претставници на граѓански организации на панел дискусијата ќе зборуваат за јавната перцепцијата за граѓанските организации, каков е нивниот удел во политичките и општествените процеси, дали граѓаните ги доживуваат како „фолиранти“ или „прогресивци“, колку се транспарентни во нивната работа и низа други прашања што се однесуваат на улогата и придонесот на граѓанските организации во политички и општествен контекст.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Еден мој пријател вели дека само кога си на мостот ја чувствуваш реката, зошто кога си на брегот таа е само водотек кој ги разделува бреговите. Затоа, кога си на средина од мостот сите мисли ти се „мостопитни“, во секоја од нив бараш подлабока содржина и причина за спојување и делби, пишува Војо Маневски во колумната „Мостопитни“

Д. Тахири

 

 

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ