• Latest

Национализам – дегенерација на патриотизмот!

November 4, 2020

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Москва и Пекинг: Турбулентна историја на сојузништва, ривалства и конфликти

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии и битка за секој глас – регистрирани 116 инциденти со насилство и закани

October 24, 2026
СЛОБОДА | 23 октомври 2026 (фото извор: ФБ профил на претседателот на Украина, Володимир Зеленски)

По години заробеништво, враќање дома: Украина пречека 270 ослободени, рускиот терор продолжува

October 23, 2026
Паметен град на иднината: Вештачката интелигенција во служба на граѓан(к)ите и урбаниот развој. (Илустрација: ChatGPT / OpenAI, за CIVIL MEDIA TECH & AI FORUM)

Градови што размислуваат: Како вештачката интелигенција може да ни донесе почист воздух, помалку метеж и подобар живот

October 23, 2026

Бугарија в недела избира претседател-ка: Во трка се 27 кандидатски двојки

October 23, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична предизборна атмосфера

October 23, 2026

Топ 10 најмоќни економии во светот во 2026 година (ИНФОГРАФИК)

October 23, 2026

Руските напади сè повеќе се прелеваат надвор од Украина: Молдавија како нов фронт на хибриден притисок

October 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Национализам – дегенерација на патриотизмот!

November 4, 2020 15:46
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЛИСА БАУТА ШАЌИРИ

Патриотизмот во нашата земја не се мери според тоа како го претставуваме нашиот народ  во правец на уметноста, науката или спортот. Не се мери ниту според тоа колку се грижиме за нашето општество или држава. Љубовта кон народот и државата во којашто живееме не се изразува веќе со грижата кон другиот, ниту со грижата кон средината што не опколува. Може да фрламе отпадоци на улица, дури и од терасата на зградата во којашто живееме, може да ги уништиме шумите и јавниот простор, може и да не ја свртиме главата кон тие што имаат потреби, а не па да помогнеме.

Се отуѓивме  и ние, и вредностите што ги негувавме како народ.

Патриотизмот доби друга димензија и почна да се мери според количината на омразата што ја чувствуваме кон поинаквите од нас. Ќе пронајдеме безброј навредливи зборови за сите, ќе се занимаваме со „каури“ и „шиптари“, „цинцари“ и „цигани“ и ќе останеме во борбата – кој е полош од другиот.

На овој начин, патриотизмот исчезнува и му остава место на злото што се нарекува национализам.

Национализмот е застарена метода за контролирање на народните маси низ историјата. За жал, во нашата земја, преку систематско сеење меѓуетничка омраза, продолжува да биде механизам со кој се обезбедуваат гласови за време на избори. Цели декади, тоа што ќе одреди кои две партии ќе формираат влада, беа ветувањата кои ќе произведат најдобри резултати во „поразување“ на другата националност, а не тие што ќе дадат најдобри резултати во културното, интелектуалното и економското унапредување на нашиот народ и земја.

Кога ќе сфатиме дека национализмот не не храни, не ни ги школува децата, ниту ни ги плаќа сметките, дека светот продолжува да оди напред, ние нема да знаеме ниту како ниту каде да се свртиме. Според унифицираниот модел на однесување, дозволивме да продолжиме на тој пат, по инерција, за сега, да дојдеме до состојба кога во 21 век дискутираме за национализам и меѓуетничка омраза.

Доколку сета оваа енергија ја ориентираме првично во градење и подигање на народот и државата, и потоа во соработка и взаемна доверба со нашите сограѓани, денес, обединети во различностите, ќе дискутиравме за прашања од глобална важност, за просперитет на светот и човештвото!

Сега е време, и секако дека доцниме, да изградиме взаемна доверба со сите етнички заедници што живеат во земјава.

Обединети во различноста, да се ослободиме од оковите на минатото и да работиме на градење на едно сплотено и прогресивно општество и стабилна држава.

Сите ние имаме потреба да старееме покрај нашите деца. За жал, нашата желба останува да ги испратиме децата надвор  од земјата, каде што тие и нивните потомци ќе имаат подобар живот.

Треба да излеземе од улогата на жртва. Треба да преземеме одговорност за себе и да започнеме од нас самите и нашето потесно семејство.

Верувам во слобода на убедување како вредност и основно право на секое човечко суштество во светот. Јас ги разбирам дури и националистите, ксенофобите итн. Меѓутоа, ако ние како народ и како држава имаме аспирации за членство во ЕУ, мора да го живееме европскиот дух. Во Европа, граѓаните се обединети во нивните разлики, и тоа не значи дека никој не ја сака својата нација. Напротив, тие ја претставуваат сопствената култура и ја збогатуваат европската култура. Тие создаваат разновидно општество, коешто,  ако го преведеме на јазикот на уметноста, би било шаренолика  слика, или дело на Моцарт изведено на пијано и со бели и црни типки!

Национализмот и говорот на омраза ќе не држат како заложници на минатото, ќе нè исполнат со негативна енергија и ќе нè онеспособат, прво како индивидуи, потоа како општество и како држава. Во секој случај, самите ќе ги трпиме штетите и последиците.

Апелирам до родителите да не го носат товарот на омраза кон различните од себе,  врз своите деца и внуци. Да не дозволат минатото да ја одредува иднината на децата и нивните внуци. Не правете ја иднината на децата во заложништво на вашето минато! Децата и припаѓаат на иднината, дајте им крилја да одат напред, бидејќи секое враќање назад е неуспех за нив, но и за вас, како родители.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ