„Патриотизмот и национализмот се различни, иако најчесто се сфаќаат како исто. Јас национализмот го сфаќам како поагресивна форма од патриотизмот. Според познатата изрека на Џорџ Орвел, дека национализмот е најлошиот непријател на мирот, тогаш патриотизмот е поблага форма…“, објасни Роза Ивановска, на прашањето на ЦИВИЛ Медиа за нејзините поимање на патриотизмот и национализмот.
Со Роза разговаравме и за последиците од национализмот, нејзините погледи за ЕУ и НАТО, како и придонесот за намалување на негативните ефекти од национализмот.
„Многу лесно се препознава национализмот, националистичкото его ни е на високо ниво, а тоа не ни носи добри работи за во иднина… Во врска со влезот во ЕУ и во НАТО мој личен став е дека, сепак, треба да размислиме за членството, малку да се приземјиме за одредени работи, ние очигледно не можеме сами да се справиме со моменталната ситуација што ни се случува“, изјави Ивановска.
Таа смета дека можеби е потребно да ги прифатиме условите што се клучни за влез, што според неа, нема да биде лесно, да се сменат навиките и да се искоренат, но за наредните генерации тоа не би било проблем колку што е сега за овие генерации.
„Пред сѐ треба да тргнеме сами од себе. Доколку ние сме спремни за промена на подобро ќе почне се друго да функционира. Но, самите треба да сме свесни и да сакаме да се подобриме како општество“, рече нашата соговорничка во контекст на потребите за промени доколку сакаме да го надминеме национализмот.
Биљана Јордановска
Камера: Дехран Муратов
Текстот е дел од проектот „Патриотизам ДА, национализам НЕ!“ што го спроведува ЦИВИЛ со поддршка од Цивика мобилитас. Содржината на овој текст е единствена одговорност на ЦИВИЛ и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат.