ЦИВИЛ организира серија панел дискусии и други онлајн настани со заеднички наслов „Национализам“ во вторник и среда, 18-19 август 2020, со почеток во 10 часот, кој ќе се пренесува во живо на Фејсбук страницата на организацијата. Настаните се дел од најновата акција на ЦИВИЛ „Граѓански форум за учество во креирање на владините политики“.
Програмата започнува со едночасовна панел дискусија со универзитетските професорки Мирјана Најчевска и Виолета Петровска Бешка. Модераторка е Диана Тахири.
Со почеток во 11:30 започнува панел дискусијата со Петрит Сарачини (ЦИВИЛ) и Филип Стојановски (Фондација Метаморфозис). Модераторка на оваа панел дискусија е Биљана Јордановска
Активистите Јане Ѓорѓиоски и Ариан Мехмети ќе разговараат на темата во терминот од 13 до 14 часот.
Во 15:30 часот на програмата е Џевдет Хајредини, експерт за финансии и колумнист. До Хајредини разговара Дијана Тахири.
Во текот на денот, тимот на медиумската платформа на ЦИВИЛ ќе направи повеќе интервјуа и ќе одржи состаноци во кои ќе опфати повеќе различни аспекти на тема „Национализам“.
Програмата продолжува утре, среда, 19 август.
Настаните се затворени за публика, поради заштита од коронавирусот, но ќе се пренесува во живо на Фејсбук страницата на ЦИВИЛ. Тие се дел од проектот „Европа е наш дом“, финансиран од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.