Навивачи на солунскиот фудбалски клуб ПАОК денеска се судрија со група пакистански мигранти во Атина, соопшти грчката полиција, пренесува МИА.
Краткотрајните, но жестоки судири биле прекинати со интервенција на припадници на грчката полиција, кои за разбивање на судрените страни употребиле шок бомби и солзавец.
Во полициското соопштение се додава дека при судирите нема посериозни повредени, ниту уапсени лица.
Судирите се случиле на атинскиот плоштад „Омонија“ каде се собрале навивачите на ПАОК во пресрет на фудбалскиот натпревар на солунскиот клуб со атинскиот Панионис. Во исто време, на плоштадот се одржува собир на припадници на пакистанската заедница во Атина, кои го чествувале роденденот на пророкот Мухамед.
Инцидентот го предизвикале навивачите на ПАОК, кои почнале да ги навредуваат и напаѓаат Пакистанците.
Полицијаците, кои ги придружувале навивачите, веднаш интервенирале и за неколку минути инцидентот завршил.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.